Влијание на диспозициите на бичење врз квантитативното искористување на пиланските трупци од ела/смрча (Abies alba Mill. /Picea abies L.)
Date Issued
2026-01-12
Author(s)
Abstract
Во докторскиот труд се прикажани резултати за пилански трупци од ела/смрча, за диспозициите на
бичење, начините на бичење и квантитативното искористување на трупците во бичени сортименти.
Влијанието на диспозииите на бичење е дефинирано со распоредот на резовите на тенкиот крај на
трупците. Диспозициите се формирани зависно од сортиментската структура на сортиментите.
Диспозициите се симетрични и несиметрични. Симетрична диспозиција е користена при бичење на трупци
со дијаметар на тенкиот крај до 40,0 cm.
Бичењето на трупците е наменско.
Трупците се бичени по пат на остро (затворено, групно) бичење и призмирање/разбичување на призма.
Тие се распоредени во 8 дебелински групи со дијаметар од 26,0 до 65,0 cm, должина 4,0 m, класа на
квалитет I/II, пад на дијаметар од 0,50 до 1,00 cm/m и влажност од 47,0 до 56,0 %. Во секоја дебелинска
група од 26,0 – 30,0 cm до 61,0 – 65,0 cm се анализирани по 10 трупци. Средниот пад на дијаметарот
изнесува 0,72 cm/m.
Квантитативното искористување (остро бичење), за трупците со дијаметар од 26,0 до 40,0 cm изнесува
од 66,20 до 69,91%. Средната вредност за квантитативното искористување при остро бичење изнесува
68,07%.
Квантитативното искористување (призмирање/разбичување на призма), за трупците со дијаметар од
41,0 до 65,0 cm, изнесува од 67,55 до 75,50%, со средна вредност 73,67%.
Квантитативното искористување во дрвени летви и окрајчена граѓа на трупци со дијаметар од 52,0 до
59,0 cm, I/II класа на квалитет, пад на дијаметар од 0,50 до 1,75 cm/m и дрвна зафатнина од 7,777 m3
изнесува 72,66%. Од вкупното квантитативно искорисутвање, дрвените летви учествуваат со 51,89%, а
окрајчената граѓа со 20,77%.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Докторски труд (Конечна верзија).pdf
Size
8.48 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5cbcf2d72ac2aee9cbf882066670ad01
Loading...
Name
O30-Изјава-за-Репозиториум.pdf
Size
696.82 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d87decf32dcd2bcc903791a8505b67db