Faculty of Civil Engineering
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/4
Browse
191 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Methodology for Seismic Vulnerability Assessment of Pre-Code Masonry Buildings Using Region-Specific Data(Ital Publication, 2025-10); - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Detection and Monitoring of Slope Movement by Using Point Cloud Derived from the SfM Technique(University of Belgrade, Faculty of Mining ; Geology, 2024); ;Nedelkovska, Natasha ;Petrov, Gose; Nikolovski, Toni - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Integral Approach in Stability Analyses for Weak Anisotropic Rocks(University of Belgrade, Faculty of Mining ; Geology, 2024); ;Janevski, Bojan - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Landslide Mapping and Zonation at National, Regional and Local Scale — Recent Experiences from Republic of Macedonia(University of Belgrade, Faculty of Mining ; Geology, 2024-05); ; ;Peduto, Dario ;Nedelkovska, NatashaGjorgiev, Gjorgi - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Оперативно управување со ХЕЦ со примена на симулационен модел(Здружение Македонски комитет за големи брани, 2024)Стевчо Митовски, Фросина Пановска, Љупчо ПетковскиПо поплавата на градот Скопје во далечната 1962 година, експертите од Македонија го подготвија планот за изградба на браната „Козјак“ како заштита од големи поплави кои потекнуваат од сливот на река Треска. Првите студии и идејни проекти за браната „Козјак“ се изработени во далечната 1962 година, додека главниот проект е завршен во 1989 година. Изградбата на браната започнала во 1994 година, а завршила десет години подоцна, со пуштање на хидроцентралата Козјак во 2004 година. Главна намена на хидросистемот „Козјак“ е заштита на градот Скопје од катастрофални поплави, но и производство на електрична енергија. Проценетото производство изнесува 130 GWh годишно. Во овој реферат се прикажани резултати од симулациски модел на акумулацијата „Козјак“ со придружните објекти со цел да се согледа производството на електрична енергија при зададен влезен хидрограм од долга низа на мерени податоци од 30 години. Анализите покажуваат дека максималната реализирана моќност на системот изнесува P = 55,40 MW наспроти инсталираната моќност од Pins = 82 MW, со средногодишно производство на електрична енергија од 120 GWh, а најголемиот протек кој минува низ централата изнесува Q = 66,04 m3/s наспроти инсталираниот капацитет од Qins = 100 m3/s. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Определување на влијанието на оперативните параметри при управување со ХЕЦ со примена на модел базиран на машинско учење(Здружение Македонски комитет за големи брани, 2024)Фросина Пановска Георгиевска, Љупчо Петковски, Стевчо Митовски,Низ историјата на човештвото, паралелно со напредокот на цивилизациите, несомнено напредувале и методите за анализа на конструкциите во градежништвото. Од камено доба, до изградбата на Пирамидите во Египет, изградбата на Вавилонската кула, канализацијата и водоводот во Рим, Кинескиот ѕид, Акрополот во Атина, до изградбата на браната „Три клисури“ во Кина со неверојатна височина од 181 m и должина во круната од 2.335 m, дојдовме до момент во историјата на градежништвото кога градбите достигнаа неверојатни големини, со нови материјали од карбонски влакна, челик и бетон, задржувајќи ја својата стабилност, пркосејќи им на временските услови и на гравитацијата. Алатка од поново време којашто наоѓа примена несомнено во секој сектор од градежништвото е користењето на алатките од машинско учење – гранка на вештачката интелигенција. Машинското учење нуди можности во градежништвото за оптимизација на објектите, анализа на безбедноста на објектите, анализа на чинењето и оптимизација на трошоците за објектите, како и помош во секојдневното управување со нив во реално време. Во овој реферат е опишана примената на алатките од машинско учење со анализи во апликацијата SOLDIER во анализа на производството на електрична енергија на ХЕЦ „Козјак“. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Модификација на напречниот пресек на свртувачка комбинирана брана во фазно надвишување на хидројаловиште(Здружение Македонски комитет за големи брани, 2024)Љупчо Петковски, Стевчо Митовски, Фросина Пановска ГеоргиевскаНајголемиот дел од водостопанската, енергетската и од рударската инфраструктура во Северна Македонија, во чијшто состав се хидротехнички објекти, се од постар датум и се наметнува проблемот за подобрување на сигурноста и функционалноста на старите брани. Подобрувањето на браните се однесува на повеќе сегменти, од кои доминантни се следните три. Прво, во изборот на инвентивни и уникатни решенија за зголемување на капацитетот на акумулациите (кај водните брани) и таложните езера (кај јаловишните брани), што е резултат смалувањето на расположливите води и порастот на потребите за вода (за водните брани) и лимитираниот простор за развој на рударството (за јаловишните брани). Второ, во иновирањето на техничката документација во согласност со најновите критериуми за хидролошка и конструкциска (статичка и сеизмичка) стабилност, зашто за населението низводно од браната сосема е небитно дали потенцијалната опасност би била од евентуално уривање на стара или нова брана. И трето, во навремената детекција и санацијата на оштетувањата на хидротехнички објекти, кои не може целосно да се избегнат зашто се предизвикани од изложеноста на активното дејство на водата, со цел да се спречи нивниот прогресивен карактер. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Симулационен модел за анализа на хидросистемот „Чебрен(Здружение Македонски комитет за големи брани, 2023)Пановска Ф., Митовски С., Петковски Љ.За енергетскиот потенцијал на Црна Река се зборува од 1956 година сѐ до денес, најпрво во идејни проектни решенија, Водостопанската основа од 1973 година, Студијата за интегрален развој на сливот на река Вардар/Axios изработена во 1977 година, Физибилити студијата PHARE од 2003 година и последно – префизибилити студијата за ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“ од 2017 година. Во минатиот век е изведена ХЕ „Тиквеш“ како прибранска електрана, со изведба на браната и придружните објекти во периодот од 1961 до 1968 година. Речиси четири децении по изградбата на ХС „Тиквеш“, од 2006 до 2015 година се распишани 5 тендери за проектирање, градба и концесија на ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“, кои неславно завршуваа, за денес, во 2023 година, повторно да се актуализира изградбата на овие хидропотенцијални со склучување на концесискиот договор за изградба на пумпноакумулациона ХЕ „Чебрен“ со грчката фирма ППЦ Архиродон. Во овој реферат се опишани резултатите од симулациониот модел изработен со параметрите за енергетското искористување на водите од Црна Река кај преградното место за ХЕ „Чебрен“ во согласност со склучениот договор, со цел увид на реалните енергетски можности на овој преграден профил. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Симулационен модел за анализа на дво-акумулационен систем(Здружение Македонски комитет за големи брани, 2023)Крстевски В., Митовски С., Пановска Ф.,Клучoт за успех на секое развиено општество е одржувањето и планското користење на водата како природно богатство и ресурс. Оттука од големо значење е формирањето стратегии преку кои на одржлив и оптимален начин ќе се користи водата за постигнување на целите за економски развој, а воедно ќе се води и грижа за зачувување и заштита на самиот ресурс. Во предметниот реферат е анализирана стратегија за користење на водата како природен ресурс преку анализа на случајот на ХС „Липково“, во близина на општина Куманово, РС Македонија, каде што водата е наменета за задоволување на потребите за водоснабдување и за наводнување, а при тоа се запазува и еколошкиот аспект, т.е. испуштање на еколошко загарантирано протекување во водотекот за зачувување на биолошкиот екосистем. Најважен аспект кај ХС „Липково“ е изнаоѓање оперативна политика на управување за да се задоволат потребите за вода на секој водокорисник. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Симулационен модел на едно-акумулационен хидросистем(2023)Георгиев П., Митовски С., Пановска Ф.Клучoт за успех на секое развиено општество е одржувањето и планското користење на водата како природно богатство и ресурс. Оттука, од големо значење е формирањето стратегии преку кои на одржлив и оптимален начин ќе се користи водата за постигнување на целите за економски развој, а воедно ќе се води и грижа за зачувување и заштита на самиот ресурс. Во истражувањето е анализирана стратегија за користење на водата како природен ресурс преку анализа на случајот на ХС „Слупчанка“, во близина на општина Куманово, РС Македонија, каде што водата е наменета за задоволување на потребите за водоснабдување и за наводнување, а при тоа се запазува и еколошкиот аспект, т.е. испуштање на еколошко загарантирано протекување во водотекот за зачувување на биолошкиот екосистем. Најважен аспект кај ХС „Слупчанка“ е изнаоѓање оперативна политика на управување за да се задоволат потребите за вода на секој водокорисник.
