Симулационен модел за анализа на хидросистемот „Чебрен
Date Issued
2023
Author(s)
Пановска Ф., Митовски С., Петковски Љ.
Abstract
За енергетскиот потенцијал на Црна Река се зборува од 1956 година сѐ до денес, најпрво во
идејни проектни решенија, Водостопанската основа од 1973 година, Студијата за интегрален
развој на сливот на река Вардар/Axios изработена во 1977 година, Физибилити студијата
PHARE од 2003 година и последно – префизибилити студијата за ХЕ „Чебрен“ и ХЕ
„Галиште“ од 2017 година. Во минатиот век е изведена ХЕ „Тиквеш“ како прибранска
електрана, со изведба на браната и придружните објекти во периодот од 1961 до 1968 година.
Речиси четири децении по изградбата на ХС „Тиквеш“, од 2006 до 2015 година се распишани
5 тендери за проектирање, градба и концесија на ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“, кои неславно
завршуваа, за денес, во 2023 година, повторно да се актуализира изградбата на овие
хидропотенцијални со склучување на концесискиот договор за изградба на пумпноакумулациона ХЕ „Чебрен“ со грчката фирма ППЦ Архиродон. Во овој реферат се опишани
резултатите од симулациониот модел изработен со параметрите за енергетското
искористување на водите од Црна Река кај преградното место за ХЕ „Чебрен“ во согласност
со склучениот договор, со цел увид на реалните енергетски можности на овој преграден
профил.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
17 zmkgb2023 04.pdf
Size
2.34 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5778f4b6b416461e5030ee90a3402acc