Определување на влијанието на оперативните параметри при управување со ХЕЦ со примена на модел базиран на машинско учење
Date Issued
2024
Author(s)
Фросина Пановска Георгиевска, Љупчо Петковски, Стевчо Митовски,
Abstract
Низ историјата на човештвото, паралелно со напредокот на цивилизациите, несомнено
напредувале и методите за анализа на конструкциите во градежништвото. Од камено доба, до
изградбата на Пирамидите во Египет, изградбата на Вавилонската кула, канализацијата и
водоводот во Рим, Кинескиот ѕид, Акрополот во Атина, до изградбата на браната „Три клисури“
во Кина со неверојатна височина од 181 m и должина во круната од 2.335 m, дојдовме до момент
во историјата на градежништвото кога градбите достигнаа неверојатни големини, со нови
материјали од карбонски влакна, челик и бетон, задржувајќи ја својата стабилност, пркосејќи им
на временските услови и на гравитацијата. Алатка од поново време којашто наоѓа примена
несомнено во секој сектор од градежништвото е користењето на алатките од машинско учење –
гранка на вештачката интелигенција. Машинското учење нуди можности во градежништвото за
оптимизација на објектите, анализа на безбедноста на објектите, анализа на чинењето и
оптимизација на трошоците за објектите, како и помош во секојдневното управување со нив во
реално време. Во овој реферат е опишана примената на алатките од машинско учење со анализи
во апликацијата SOLDIER во анализа на производството на електрична енергија на ХЕЦ
„Козјак“.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
22 zmkgb2024 03.pdf
Size
11.3 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c12f62139a6181f800bfe42af37cdfa1