Faculty of Civil Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/4

Browse

Search Results

Now showing 1 - 6 of 6
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Национални барања за примена на стандардот за квалитет на бетонот МКС EN 206
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Илиевски Златко
    ;
    Наков Дарко
    ;
    Вељановска Катерина
    ;
    Черепналковска Соња
    Стандардот МКС EN 206 Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност е единствен Европски стандард за производство на бетон и дефинирање на бетонот како градежен производ. Неговата поврзаност со Регулативата за градежни производи 305/2011 според Европската национална легислатива и со Законот за градежни производи 104/2015 на национално ниво го потврдуваат значењето на овој стандард. Поради специфичните разлики и практики кои постојат во примената на технологијата на производството на бетон во земјите на Европска Унија, во стандардот е изработен Анекс М „Преглед на одредби кои важат на лице место на употреба“ составен од 34 одредби во кои треба да се определат националните параметри за примена на стандардот МКС EN 206. Од тие причини во рамките на ИСРСМ при Техничкиот комитет 25 Бетон, производи од бетон и ѕидарија формирана е работна група РГ2 која го изработи македонскиот стандард МКС 1016 во кој ќе се дефинирани барањата за употреба на МКС EN 206. Објавен е во Декември 2018 година. Во статијата прикажани се поважните национални параметри од стандардот МКС 1016 за примена на МКС EN 206 во делот на класите на изложеност, квалитетот на составните материјали, својствата на бетонот, производството на бетон, системот на оцена и потврда на постојаност на својствата на бетонот (сертификација на производот) и анексите во кои се дадени гранулометриски криви на агрегатот за бетон и испитувања на својствата на бетонот за кои нема Европски стандарди за испитување.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Експериментална и аналитичка анализа на АБ елементи изложени на долготраен постојан товар
    (Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Стојкоска Евгенија
    ;
    Доцевска Марија
    ;
    Наков Дарко
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Марковски Горан
    Влијанието на собирањето и течењето на бетонот врз однесувањето на армиранобетонските елементи најчесто се проверува преку граничните состојби на употребливост: контрола на напрегањата, пукнатините и деформациите - угибите. Под дејство на постојан долготраен товар, деформациите на елементот во тек на време постепено се зголемуваат при што може да достигнат неколку пати поголема вредност од почетната. Доколку температурата остане константна, прирастот на деформациите во тек на време се должи на собирањето и течењето на бетонот. Со цел да се утврди влијанието на различниот интензитет на долготрајниот постојан товар врз однесувањето на армиранобетонските елементи во тек на време, реализирана е експериментална програма која се состои од изработка и следење на осум армиранобетонски греди и соодветен број пробни тела во лабораториски простор со постојана амбиентална температура и влажност. Седум од гредите товарени се со различен интензитет на товар, при што кај шест од нив во разгледуваниот временски период се појавуваат пукнатини. На една од гредите не е нанесен товар и кај неа се следени само деформациите од собирање на бетонот. Преку експерименталната анализа добиена е слика за однесувањето на армиранобетонските елементи изложени на дејство на долготраен постојан товар со различен интензитет, како и за неговото влијание врз граничните состојби на употребливост. Исто така извршена е и споредба со резултатите добиени со современите аналитички модели во прописите и стандардите.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Методи за определување на динамичкиот коефициент од подвижните товари кај армиранобетонски мостови
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен факултет Скопје, 2019-10)
    Јанев Дејан
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Наков Дарко
    ;
    Марковски Горан
    Динамичкиот ефект од подвижните товари кај патните аб. мостови кој се користи при определување на големината на сообраќајните натоварувања најчесто се воведува преку т.н. динамички коефициент. Всушност тој покажува за колку пати се зголемуваат влијанијата добиени од статичкото дејство на товарот. Динамичкиот коефициент зависи од повеќе параметри: распонот на мостот, рапавоста на подлогата, тежината, бројот на оските и брзината на движење на возилата, нивната положба итн. Покрај наведените параметри, интензитетот на динамичкиот коефициент зависи и од применетите методи за негово определување. Предмет на истражување во овој труд е примената на различни методи за определување на динамичкиот коефициент. За таа цел, искористени се резултати од извршени динамички испитувања на мостови со пробно товарење на автопатот Миладиновци - Штип. Како релевантен, одбран е еден карактеристичен објект изработен од претходно напрегнат бетон, со статички систем проста греда и полумонтажен начин на градење. При испитувањето извршено е мерење на угиби преку кои е определен динамичкиот коефициент. За обработка и анализа на измерените сигнали користени се соодветни методи за нивна трансформација и филтрирање. Со обработените резултати извршена е анализа и споредба помеѓу определените вредности на динамичкиот коефициент. Овие анализи овозможуваат да се проучи влијанието од употребата на различна мерна техника и методи за определување на динамичкиот ефект од подвижните товари. Со тоа, направен е обид да се предложи со кои мерни инструменти и методи на определување на динамичкиот коефициент се добиваат поверодостојни резултати за вредноста на истиот.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Пробно товарење на мостовите Б1 и Б5 на автопатот Демир Капија - Смоквица
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10)
    Чубриновска Александра
    ;
    Геговски Дејан
    ;
    Коцева Софија
    ;
    Јанев Дејан
    ;
    Наков Дарко
    Пробното товарење на мостовските конструкции согласно нашите стандарди е дел од процесот за предавање на објектот во употреба. Пред почетокот на испитувањето се дефинира програмата за испитување која го опфаќа текот на испитувањето, интензитетот на оптоварувањето, положбата на пробниот товар, диспозицијата на мерните места и мерните инструменти. На делницата Демир Капија – Смоквица, дел од Kоридорот X, беше спроведено статичко и динамичко испитување на вкупно 12 мостовски конструкции. Во рамките на овој труд се издвоени резултатите од измерените и пресметаните угиби при статичкото испитување на две каратеристични конструкции, мостот Б1(статички систем проста греда) и вијадуктот Б5 (статички систем рамка). За таа цел беа дефинирани и реализирани соодветен број фази на товарење. Статичкото товарење беше спроведено со пробен товар составен од четири (Б1), односно осум (Б5) возила, кои предизвикуваат влијанија од околу 70% од проектните. Во зависност од пристапноста на теренот користени се геодетски мерења и механички угибомери. Измерените угиби се споредени со пресметаните од претходно изготвените нумерички модели, со цел да се провери дали реалното однесување на конструкција одговара со теоретско претпоставеното. Од спроведената компарација, може да се согледа задоволително совпаѓање помеѓу измерените и пресметаните угиби.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Поправка и санација на префабрикувани армиранобетонски портали
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2017-10)
    Наков Дарко
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Јанев Дејан
    Со цел да се утврди вистинската состојба во која се наоѓаат армиранобетонските портали извршени се визуелни прегледи на конструкцијата. Притоа регистрирани и фотографирани се сите оштетувања на сите конструктивни елементи од двата армиранобетонски портали. По извршените испитувања и анализи на конструкцијата се утврди потребата од поправка и санација, а потоа и потребата од превземање на соодветни мерки за поправка и санација на конструктивните елементи со цел да им се возобноват техничките својства кои ќе ги задоволуваат критериумите на носивост и употребливост.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Нумерички модел за анализа на граничните состојби на употребливост на армиранобетонски елементи
    (Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, 2015-10)
    Доцевска Марија
    ;
    Аранѓеловски Тони
    ;
    Марковски Горан
    ;
    Наков Дарко
    Основната цел на овој труд е да се предложи нумерички модел за анализа на граничните состојби на употребливост на армиранобетонски елементи. Поради тоа, анализирани се армиранобетонски греди изложени на различни истории на товарење: краткотраен товар до лом, долготраен постојан товар и променлив товар нанесуван во циклуси на товарење/растоварување. За да се земе во предвид нелинеарното однесување на бетонот, моделот на фиксни пукнатини во повеќе правци е вклучен во анализата. Распоредот на пукнатините и угибот во средина на пресекот добиени нумерички се споредени со експериментални резултати, со цел да се верифицира точноста на предложениот модел.