Faculty of Veterinary Medicine

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/21

Browse

Search Results

Now showing 1 - 1 of 1
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ЕПИДЕМИОЛОГИЈА НА ЕХИНОКОКОЗАТА КАЈ ДОМАШНИТЕ ПРЕЖИВАРИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    (2026-07-09)
    Цистичната ехинококоза е значајна паразитна зооноза со ветеринарно, јавно- здравствено и економско значење. Целта на ова истражување беше епидемиолошка проценка на ехинококозата кај домашните преживари во Република Северна Македонија преку анализа на кланично-детектираната преваленца, факторите поврзани со инфекцијата, локализацијата и фертилноста на цистите и молекуларната идентификација на циркулирачките генотипови. Во периодот 2020–2022 година беа прегледани 1.344 животни (938 овци и 406 говеда) со потекло од сите осум статистички региони, заклани во регистрирани кланици. Фертилноста беше микроскопски проценета кај 294 цисти, а молекуларната карактеризација беше направена на 69 изолати со анализа на митохондрискиот ген cox1. Цистичната ехинококоза беше широко распространета во испитуваната кланична популација, со значително повисока преваленца кај овците (91,6%) отколку кај говедата (52,5%) и со изразена регионална и временска хетерогеност. Кај овците доминираше комбинирана локализација во црниот дроб и белите дробови, а фертилноста на цистите беше значително повисока во споредба со говедата (83,2% и 20,2%, соодветно). Молекуларната анализа покажа доминација на генотипот G1 (60,9%) во однос на G3 (39,1%) на Echinococcus granulosus sensu stricto, при што кај овците G1 беше почест (62,3%) од G3 (37,7%), додека кај говедата двата генотипа беа подеднакво застапени. Кај генотипот G3, 82,6% од изолатите од овци беа фертилни. Комбинацијата од висока преваленца, висока фертилност кај овците и G1/G3 профил укажува на активен и одржлив домашен циклус куче–преживар со зоонозно значење. Резултатите обезбедуваат научна основа за насочен ветеринарен надзор, контролирано постапување со инфицирани органи и интегрирани контролни мерки во рамки на пристапот Едно здравје.