Разгледани се неколку едноставни варијанти на веќе познатиот експеримент за
потврда на Штефан-Болцмановиот закон користејќи термистор, фоторезистор и мобилен
телефон. Вака адаптираниот експеримент може да биде изведен во секое училиште
користејќи компоненти и уреди кои се широко достапни.