Faculty of Medicine

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14

Browse

Search Results

Now showing 1 - 3 of 3
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Comparison of postoperative effects of laparoscopic and open appendectomy in pediatric patients
    (Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, 2017)
    Simeoniv, R
    ;
    ;
    Cvetanoska, V
    ;
    Вовед: Акутниот апендицитис најчесто се јавува кај децата, адолесцентите и младите до 25 години. Инциденцата e најниска во неонаталниот период, а највисока кај возрасната група од 12 до 16 години. Состојбата на акутен апендицитис налага брз хируршки третман, кој е препорачливо да бите направен во првите 48 часа од почетокот на симптомите. И покрај многубројните научни полемики во правец на поддржување на класичната односно лапарсокопската апендектомија, сеуште нема званичен консензус по ова прашање. Цел: Истражувањето има за цел да ги спореди пост-оперативните ефекти од лапароскопската и отворена апендектомија кај педијатриски пациенти со акутен апендицитис. Материјал и методи: Истражувањето е спроведено на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје во периодот 2015/2016 година како дел од едноцетрична рандомизирана клиничка студија. Обработени се материјали на педијатриски пациенти со клинички дијагностициран акутен апендицитис. Примерокот го сочинуваат вкупно 30 деца на возраст од 4-14 години третирани со лапароскопска (ЛА) односно отворена апендектомија (ОА). Податоците од интерес за истражувањето вклучуваат должина на интервенција, време до прво испиштање на гасови/ внес на течности/ внес на храна, должина на хоспитализација, употреба на аналгетици/антибиотци и задоволство од естетски изглед. Резултати: Во примерокот, со машки пол во групата со ЛА т.е. ОА биле консеквентно 10 (66,67%) vs. 11 (33,33%). Просечната возраст на испитаниците изнесувала 120,8±42,4 v.s. 115,2±35,1 месеци, со минимум старост од 48 v.s. 60 месеци и максимум старост од 168 месеци во двете групи (p>0,05). Со температура над 37,50Ц при прием биле 6 (40%) деца во групата со РА и 5 (33,3%) во групата со ОМ (p>0,05). Просечното времетрање на интервенцијата во групата со ЛА односно ОА изнесувало 43,9±7,1 v.s 42,1±2,6 минути (p>0,05). Анализата на времето до првото испуштање на гасови во групата со РА односно ОА изнесува 4,3±0,5 v.s 4,4±0,6 часови (p>0,05). Со перорален внес на течности односно храна пациентите започнале после консеквентно 7,3±1,5 и 9,4±1,9 часови во групата третирана со РА и 7,6±1,8 и после 9,5±1,8 часови во групата третирана со ОА (p>0,05). Должината на престојот во болница изнесува 2,9±0,7 во групата со ЛА и 5,7±1,1 дена во групата со ОА (p<0,05). Санирањето на постоперативната болка укажа дека просечниот број на дози на аналгетици дадени на децата третирани со ЛА изнесува 1,8±0,8, а кај ОА изнесува 2,5±0,9 (p<0,05) Анализата укажа дека, за p>0,05, испитаниците од двете групи не се разликуват сигнификантно во однос на оценувањето на задоволството од козметичкиот изглед на белегот. Заклучок: Иако нашето искуство е мало, ние сме охрабрени да продолжиме со лапароскопска апендектомија. Со добра обука, подобрување на хируршката техника, лапароскопската апендектомија се повеќе ќе станува хируршка процедува од избор при третман на акутен апендицитис во детска возраст.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Лапароскопска апендектомија кај деца во Република Македонија
    (Институт за јавно здравје = Institute of Public Health, 2017)
    Ристо Симеонов
    ;
    ;
    ;
    Весна Цветаноска
    ;
    Вовед и цели: Акутниот апендицитис претставува најчеста акутна абдоминална хируршка состојба во детската возраст. Животниот ризик за апендицитис се проценува на 8.7% за момчиња и 6.7% за девојчиња. Целта на оваа студија беше да ги анализира првичните искуства од лапароскопската апендектомија кај деца на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје, а со цел да се процени нејзината сигурност, ефикасност, технички предизвици и добиените резулатаи. Матерјал и методи: Анализирани се првите 10 случаи на лапароскопска апендектомија во период од јануари 2013 до јануари 2014 година. Анализирани се: возраста на пациентите, оперативното време, должината на престој во болница, морталитет/морбидитет, употребата на антибиотици и аналгетици, патохистолошкиот наод, интраоперативни и постоперативни компликации, времето на појава на почеток на перисталтиката на цревата постоперативно, просечно време до прво испуштање на гасови, појава на прва спонтана столица, период на следење, козметскиот ефект. Резултати:Кај сите десет пациенти со успех беше завршена лапароскопска апендектомија без конверзија кај ниту еден пациент. Седум пациенти имаа акутен флегмонозен апендицитис, два гангренозен, a еден пациент имаше хроничен апендицитис. Кај сите десет пациенти има патохистолошка верификација на отстранетиот апендикс. Возраста на пациентот се движи од 6 до 14 години (средна вредност од 10,8 години). Немаше постоперативни компликации во (инцизионална хернија или абсцес) кај ниту еден пациент од десетте пациенти, со минимално следење од една година. Просечното оперативно време за лапароскопска апендектомија беше 45 мин. Просечниот престој во болница беше 3 денови по пациент. Според времето на појава на почеток на перисталтиката на цревата кај осум пациенти почетокот на воспоставување на перисталтика е во просек четири часа, а кај двајца пациенти е шест часа. Појава на прва спонтана столица беше во интервал од 12 до 18 часа. Постоперативната употреба на аналгетици беше употребена кај осум деца, а две деца не побаруваа аналгезија постоперативно. Заклучок:Лапароскопската апендектомија е безбедна и ефикасна техника за третман на акутен апендицитис и дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намалена престој во болница, и брзо враќање на нормалните активности. Иако нашето искуство со лапароскопска процедура е мало, ние сме охрабрени да продолжиме со лапароскопска апендектомија. Со добра обука, подобрување на хируршката техника, лапароскопската апендектомија се повеќе ќе станува хируршка процедува од избор при третман на акутен апендицитис во детска возраст.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Ендоскопски третман на везикоуретерален рефлукс во детската возраст
    (Association of Albanian Medical Doctors from Macedonia (AAMD – Macedonia), 2012)
    ;
    ;
    Risto Simeonov
    ;
    ;
    Chadikovski, Vladimir
    Апстракт Вовед Везикоуретералниот рефлукс е секојдневен проблем со кој што се соочува детската уролошка пракса. Ендоскопскиот третман на везикоуретералниот рефлукс во детската возраст претставува атрактивна терапевтска опција со која што се избегнува долготрајната антибиотска профилакса и морбидитетот асоциран со отворените хируршки техники. Цел Целта на овој труд е да ги прикажеме нашите резултати од третманот на везико-уретералниот рефлукс по пат на ендоскопска, субтригонална инјекција на кополимерот декстраномер и хијалуронска киселина (Deflux). Материјал и метод Во периодот од 2006 до 2011 година, на Универзитетската клиника за детска хирургија со цистоскопска, субтригонална инјекција на Deflux се третирани вкупно 32 деца, од кои што 21 се женски, а 11 машки на возраст од 1 до 20 години. Третирани се вкупно 49 уретери со рефлукс од II, III и IV степен. Интервенцијата се изведуваше како еднодневна хируршка процедура во општа ендотрахеална анестезија. Децата се следени по протокол (постоперативно, по 6 недели и 6 месеци). Резултати и заклучок Кај 24 деца (32 уретери) беше спроведен целиот протокол на следење. Намалувањето за 2 степени на ВУР го оценувавме како добар резултат. Кај 22 уретери (68.75%) беше постигнат добар резултат. Од останатите 10 уретери кај 4 деца се повтори процедурата, со успешност од 50%. Оваа минимално инвазивна процедура кај децата со ВУР од II-IV степен е супериорна метода на лекување како од медицински, така и од финансиски аспект.