Ендоскопски третман на везикоуретерален рефлукс во детската возраст
Journal
Medicus
Date Issued
2012
Author(s)
Risto Simeonov
Chadikovski, Vladimir
Cvetanovska, Vesna
Petrovska, Branka
Abstract
Апстракт
Вовед
Везикоуретералниот рефлукс е секојдневен проблем со кој што се соочува детската уролошка пракса. Ендоскопскиот третман на везикоуретералниот рефлукс во детската возраст претставува атрактивна терапевтска опција со која што се избегнува долготрајната антибиотска профилакса и морбидитетот асоциран со отворените хируршки техники.
Цел
Целта на овој труд е да ги прикажеме нашите резултати од третманот на везико-уретералниот рефлукс по пат на ендоскопска, субтригонална инјекција на кополимерот декстраномер и хијалуронска киселина (Deflux).
Материјал и метод
Во периодот од 2006 до 2011 година, на Универзитетската клиника за детска хирургија со цистоскопска, субтригонална инјекција на Deflux се третирани вкупно 32 деца, од кои што 21 се женски, а 11 машки на возраст од 1 до 20 години. Третирани се вкупно 49 уретери со рефлукс од II, III и IV степен. Интервенцијата се изведуваше како еднодневна хируршка процедура во општа ендотрахеална анестезија. Децата се следени по протокол (постоперативно, по 6 недели и 6 месеци).
Резултати и заклучок
Кај 24 деца (32 уретери) беше спроведен целиот протокол на следење. Намалувањето за 2 степени на ВУР го оценувавме како добар резултат. Кај 22 уретери (68.75%) беше постигнат добар резултат. Од останатите 10 уретери кај 4 деца се повтори процедурата, со успешност од 50%. Оваа минимално инвазивна процедура кај децата со ВУР од II-IV степен е супериорна метода на лекување како од медицински, така и од финансиски аспект.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Endoskopski tretman na VUR.doc
Size
468.5 KB
Format
Microsoft Word
Checksum
(MD5):5c5f4aed5d64f694957c1ced9ca85953