Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
3 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Имунолошки карактеристики на пациенти со различна клиничка манифестација на COVID-19 во корелација со SARS CoV-2 вакцинации(SHMSHM - AAMD, 2024) ;Tatabitovska, Aleksandra; ; ; Вовед: Пандемијата на COVID-19 го смени животот на целата планета, однесе голем број на животи, многу луѓе останаа со трајни секвели. Во научната мисла перзистира енигмата за разноликоста во текот на болеста. Од особена важност е разбирањето на одбрамбените одговори од страна на имунолошкиот систем против инфекцијата со SARS-CoV-2, особено Т-лимфоцитните клетки кои го модулираат специфичниот имунолошки одговор, вклучувајки го целуларниот и хуморалниот дел. Цели: Да се одредат клиничките и патолошките карактеристики кај пациентите кои прележале тежок и лесен COVID 19, да се одредат разликите во хуморалниот имунолошки одговор кај различните групи пациентите и да се корелираат со вакциналниот статус на пациентите за SARS CoV- 2. Материјал и методи: Проспективна кохортна студија во времетраење од 3 месеци реализирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет – Скопје. Во студијата беа вклучени 50 пациенти со наполнети 18 години и постари, со прележан COVID 19 кои се поделени во две групи: лесна клиничка манифестација, или асимптоматски пациенти кои имале позитивен PCR за SARS-CoV-2 и пациенти со тешка клиничка манифестација и хоспитализација. Анализирани се параметрите од медицинската историја на болните, биохемиски анализи, параметри за хуморален имунолошки одговор, податок за вакцинација против SARS-CoV-2. Заклучок: Тежината на клиничката слика корелира правопропорционално со бројот на коморбидитетите, а обратнопропорционално со вакциналниот статус. Не се најде корелација со пушачкиот статус и тежината на клиничката слика. Пациентите со тежок COVID-19 имаа незначително повисок титар на IgG антитела. Студијата покажа дека 98% од сите испитаници имаа позитивни неутрализирачки антитела за SARS-CoV-2, со изразито висок титар над референтните вредности. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ИМУНОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАЦИЕНТИ СО РАЗЛИЧНА КЛИНИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА COVID-19 ВО КОРЕЛАЦИЈА СО SARS COV-2 ВАКЦИНАЦИИ И КОМОРБИДИТЕТИ(SHMSHM - AAMD, 2024) ;Tatabitovska, Aleksandra ;Brnjarchevska Blazhevski, Teodora; ; Вовед: Пандемијата на COVID-19 го смени животот на целата планета, однесе голем број на животи, многу луѓе останаа со трајни секвели. Во научната мисла перзистира енигмата за разноликоста во текот на болеста. Од особена важност е разбирањето на одбрамбените одговори од страна на имунолошкиот систем против инфекцијата со SARS-CoV-2, особено Т-лимфоцитните клетки кои го модулираат специфичниот имунолошки одговор, вклучувајки го целуларниот и хуморалниот дел. Цели: Да се одредат клиничките и патолошките карактеристики кај пациентите кои прележале тежок и лесен COVID 19, да се одредат разликите во хуморалниот имунолошки одговор кај различните групи пациентите и да се корелираат со вакциналниот статус на пациентите за SARS CoV- 2. Материјал и методи: Проспективна кохортна студија во времетраење од 3 месеци реализирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет – Скопје. Во студијата беа вклучени 50 пациенти со наполнети 18 години и постари, со прележан COVID 19 кои се поделени во две групи: лесна клиничка манифестација, или асимптоматски пациенти кои имале позитивен PCR за SARS-CoV-2 и пациенти со тешка клиничка манифестација и хоспитализација. Анализирани се параметрите од медицинската историја на болните, биохемиски анализи, параметри за хуморален имунолошки одговор, податок за вакцинација против SARS-CoV-2. Заклучок: Тежината на клиничката слика корелира правопропорционално со бројот на коморбидитетите, а обратнопропорционално со вакциналниот статус. Не се најде корелација со пушачкиот статус и тежината на клиничката слика. Пациентите со тежок COVID-19 имаа незначително повисок титар на IgG антитела. Студијата покажа дека 98% од сите испитаници имаа позитивни неутрализирачки антитела за SARS-CoV-2, со изразито висок титар над референтните вредности. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, РЕТИНАЛЕН ВАСКУЛИТИС КАКО ЕДНА ОД МАНИФЕСТАЦИИТЕ НА COVID 19(SHMSHM / AAMD, 2022-08); ;Трпеска, АнаЈованов, ЗоранЦел: Да се прикаже случај на ретиналенваскулитис кај пациент со потврдена инфекција со вирусот SARS-CoV-2. Презентација на случај: Пациент на возраст од 37 години, маж, се јави на офталмолошки преглед поради заматеност на видот на десното око. Кај пациентот беше потврдена инфекција со вирусот SARS-CoV-2 со ПЦР тест, 7 дена пред јавување на офталмолошките симптоми. Резултати: Најдобрата видна острина со корекција на десното око беше 0.9, а на левото 1,0. Интраокуларниот притисок беше во граници на нормала на двете очи. При прегледот, предниот сегмент на двете очи беше нормален. Кај десното око е забележан витритис, додека витреалното тело на левото око беше без знаци за инфламација. На задниот сегмент на десното око, се забележа следниов наод-папилата на очниот нерв беше побледа и со нејасна граница во горната и долна половина, присутни беа cotton woоl плаки, поединачнимекиексудати и хеморагии по целата медиоретина и средна периферија.Венските крвни садови беа обвиткани со муфови, додека долж долната артериска темпорална гранка се пратеше исхемија. Кај фундусот на левото око присутни беа сите погоре опишани знаци на васкулит, забележано беше сиво-беличестапапила на оптичкиот нерв, со нормалнапрстеновидна јасно ограничена граница, освен во назалната половина, каде границата јасно не се пратеше.Направени беа ОКТ и Флуресцеинскaангиографија. На ОКТна десно око се забележа проширување помеѓу надворешнитеретиналнислоеви и плексиформниот слој како и лесен дисконтинуитет на пигментниот епител во макуларната регија, додека на левото око се забележаа бројни цистоиднипроширувањапомеѓу надворешниот ретинален слој и плексиформниот слој. При направената флуресцеинскaангиографија, по дадената системска и локална терапија,на десниот ангиограм се забележа недостаток на флуресценција во горната и долна темпорална периферна артерија и закаснето исполнување на венските крвни садови кои ги пратат опишаните артерии-артериоли. Ангиограмот на левото око беше со нормален наод при што макулата остана нема. Пациентот беше поставен на локална и системска кортикостероидна терапија, антикоагулантна терапија, даден бешеи протектор на гастрична лигавица. Заклучок: Офталмолошките манифестации при инфекција со SARS-CoV-2 не треба да се занемаруваат во однос на лекувањето на инфекцијата на другите органи, односно потребно е рано препознавање и правилно и навремено лекување.
