ИМУНОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАЦИЕНТИ СО РАЗЛИЧНА КЛИНИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА COVID-19 ВО КОРЕЛАЦИЈА СО SARS COV-2 ВАКЦИНАЦИИ И КОМОРБИДИТЕТИ
Journal
Medicus
Date Issued
2024
Author(s)
Tatabitovska, Aleksandra
Brnjarchevska Blazhevski, Teodora
Abstract
Вовед: Пандемијата на COVID-19 го смени животот на целата планета, однесе голем број на животи, многу луѓе останаа со трајни секвели. Во научната мисла перзистира енигмата за разноликоста во текот на болеста.
Од особена важност е разбирањето на одбрамбените одговори од страна на имунолошкиот систем против инфекцијата со SARS-CoV-2, особено Т-лимфоцитните клетки кои го модулираат специфичниот имунолошки одговор, вклучувајки го целуларниот и хуморалниот дел. Цели: Да се одредат клиничките и патолошките карактеристики кај пациентите кои прележале тежок и лесен COVID 19, да се одредат разликите во хуморалниот
имунолошки одговор кај различните групи пациентите и да се корелираат со вакциналниот статус на пациентите за SARS CoV- 2.
Материјал и методи: Проспективна кохортна студија во времетраење од 3 месеци реализирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет – Скопје. Во студијата беа вклучени 50 пациенти со наполнети 18 години и постари, со прележан COVID 19 кои се поделени во две групи: лесна клиничка манифестација, или асимптоматски пациенти
кои имале позитивен PCR за SARS-CoV-2 и пациенти со тешка клиничка манифестација и хоспитализација. Анализирани се параметрите од медицинската историја на болните, биохемиски анализи, параметри за хуморален имунолошки одговор, податок за вакцинација против SARS-CoV-2.
Заклучок: Тежината на клиничката слика корелира правопропорционално со бројот на коморбидитетите, а обратнопропорционално со вакциналниот статус. Не се најде корелација со пушачкиот статус и тежината на клиничката слика. Пациентите со тежок COVID-19 имаа незначително повисок титар на IgG антитела. Студијата покажа дека 98% од сите испитаници имаа позитивни неутрализирачки антитела за SARS-CoV-2, со изразито висок титар над референтните вредности.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-dhjetor-2024 (1).pdf
Size
2.3 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ff692cb9b47e71662a87795c1eadf138