Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
1 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Научните истражувања за респираторни заболувања во примарна здравствена заштита и нивното влијание во подобрување на грижата на пациентите(Македонско лекарско друштво = Macedonian medical association, 2020-11) ;Gjorgjievski, Dragan; ; Stanoevski, GjorgjiЦел: Да го споделиме нашето искуство во градење на истражувачкиот капацитет во примарната здраствена заштита преку меѓународна соработка и партнерство. Материјали и методи: Во 2017 година, ја препознавме потребата за градење на капацитетите на примарната здраствена заштита во превенција, третман и менаџирањето на хроничните респираторни заболувања во Македонија, па затоа се вклучивме во меѓународното истражувачко партнерство – Breathe Well. Ова се фокусираше на креирање на научни студии низ целиот свет, за истражувања на белодробните заболувања, а беше предводено од Универзитетот во Бирмингем. За дизајнот на студијата, за прв пат беа вклучени пациенти, креатори на политики и докторите од семејна медицина. Рандомизирана контролна студија беше дизајнирана да се тестира ефикасноста на две интервенции во мотивацијата на пушачи за откажување од пушење: комуникација на информации за старост на белите дробови или издишани нивоа на CO со многу краток совет (МКС), во споредба со давање само на МКС и поддршка. Резултати: Радомизирана контролна студија беше имплементирана во 31 ординации по семејна медицина, а вкупно 1368 пушачи беа регрутирани. Бидејќи на медицинските факултети, не е достапна едукација на студентите за поддршка на пациенти за откажување од пушење на цигари, оваа истражувачка соработка ги зајакна едукативните капацитети во праксата по семејна медицина, а вооедно и истражувачките капацитети за добра клиничка пракса. Исто така, им овозможи на семејните доктори да имаат проактивна улога во заедницата во превенција на болести и овозможува добра почетна основа за идни истражувања во примарната здраствена заштита на респираторните заболувања. Заклучок: Долгорочните инвестиции за истражувања во примарната заштита, имаат позитивни ефекти врз клиничката пракса. Ова е одличен пример за применување на меѓународно истражување на локално ниво, со цел да се постигне подобра заштита на пациентите со хронични респираторни заболувања.
