Научните истражувања за респираторни заболувања во примарна здравствена заштита и нивното влијание во подобрување на грижата на пациентите
Journal
Македонски Медицински Преглед = Macedonian Medical Review
Date Issued
2020-11
Author(s)
Gjorgjievski, Dragan
Stanoevski, Gjorgji
Abstract
Цел:
Да го споделиме нашето искуство во градење на истражувачкиот капацитет во примарната здраствена заштита преку меѓународна соработка и партнерство.
Материјали и методи:
Во 2017 година, ја препознавме потребата за градење на капацитетите на примарната здраствена заштита во превенција, третман и менаџирањето на хроничните респираторни заболувања во Македонија, па затоа се вклучивме во меѓународното истражувачко партнерство – Breathe Well. Ова се фокусираше на креирање на научни студии низ целиот свет, за истражувања на белодробните заболувања, а беше предводено од Универзитетот во
Бирмингем. За дизајнот на студијата, за прв пат беа вклучени пациенти, креатори на политики и докторите од семејна медицина. Рандомизирана контролна студија беше дизајнирана да се тестира ефикасноста на две интервенции во мотивацијата на пушачи за откажување од пушење: комуникација на информации за старост на белите дробови или издишани нивоа на CO со многу краток совет (МКС), во споредба со давање само на МКС и
поддршка.
Резултати:
Радомизирана контролна студија беше имплементирана во 31 ординации по семејна медицина, а вкупно 1368 пушачи беа регрутирани. Бидејќи на медицинските факултети, не е достапна едукација на студентите за поддршка на пациенти за откажување од пушење на цигари, оваа истражувачка соработка ги зајакна едукативните капацитети во праксата по семејна медицина, а вооедно и истражувачките капацитети за добра клиничка пракса. Исто така, им овозможи на семејните доктори да имаат проактивна улога во заедницата во превенција на болести и овозможува добра почетна основа за идни истражувања во примарната здраствена заштита на респираторните заболувања.
Заклучок:
Долгорочните инвестиции за истражувања во примарната заштита, имаат позитивни ефекти врз клиничката пракса. Ова е одличен пример за применување на меѓународно истражување на локално ниво, со цел да се постигне подобра заштита на пациентите со хронични респираторни заболувања.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Congress2020_AbstractBook_Cover.pdf
Size
929.02 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5de1a50a3b03fe1a112b52a8bb377e7c
Loading...
Name
Congress2020_AbstractBook-prePrint3.pdf
Size
12.16 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7510c8cf55110ec843d8a59df3b89850