Faculty of Medicine

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14

Browse

Search Results

Now showing 1 - 3 of 3
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Првични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај деца
    (2017)
    ;
    Ристо Симеонов
    ;
    Њјомза Љумани
    ;
    Наталија Цоклеска
    АБСТРАКТ Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Индиректна ингвинална хернија се јавува со инциденца од од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно.Постојат хируршки техники на конвенционална и лапароскопски техника. Цел: Целта на оваа студија е да се прикажат првичните случаи на примена на лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Опфатени се вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои со клинички преглед е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика . Резултати: Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Просечната возраст изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Во тек самата интервенција се експлорирани и контралатералните ингвинални прстени и како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. Кај 50% од децата интервенцијата траела 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Аналгезија, поради болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика.За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна техника. Иако ни е потребно повеќе искуство лапароскопската техника дава повеќе предности како безбедна и ефективна техника, со намалена постоперативната болка, намален престој во болница, побрзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Laparoscopic hernioplasty in the treatment of female inguinal hernias in children age
    (Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, 2017)
    ;
    Simeonov R
    ;
    Cvetanoska V
    ;
    Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Инциденцијата на индиректна ингвинална хернија изнесува од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно, за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Целта на оваа студија е да укаже на дескриптивните карактеристики на првичните случаи на примена на лапароскопската херниопластика како техника за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Примерокот опфаќа вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои во периодот од 2014/15 година, со клинички преглед, е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика Резултати: Просечната возраст на испитаниците изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Во тек на лапароскопската експлорација за ингвинална херниопластика, како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. кај 50% од испитаниците интервенцијата траела пократко од 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Аналгезија, поради жалење на болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика. За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна процедура која дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намален престој во болница, брзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Споредба на лапароскопска херниопластика со конвенционална техника кај женски деца со индиректна ингвинална хернија
    (Институт за јавно здравје = Institute of Public Health, 2017)
    ;
    Ристо Симеонов
    ;
    ;
    Весна Наунова
    ;
    Вовед: Ингвиналната хернија произлегува и е резултат на незатворање на procesus vaginalis peritonei, кој е нормално отворен во тек на феталниот живот и се затвора со раѓањето.Ингвиналната хернија претставува најчеста дијагноза за консултација со детски хирург, а херниопластиката е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Истражувањето има за цел да ги спореди отворената конвенционална техника за третман на ингвиналните хернии наспроти лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен кај женски деца со клинички дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува проспективна аналитичка (case control) студија, спроведенa на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје во периодот 2015/16. Опфатени се 20 женски деца на возраст од 1-14 години со клинички дијагностицирана индирекна ингвинална хернија. Испитаниците од испитуваната група се третирани со лапароскопска херниопластика, а оние од контролната група со конвенционална техника. Резултати: Просечното времетрање на интервенцијата во испитуваната односно контролната група изнесува 27,6±6,1 v.s 64,8±7,2 минути. Должината на престојот во болница во двете групи изнесува консеквентно 10,8±3,1 v.s 27,2±4,2 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 v.s 24 часа а најдолгиот 18 v.s 36 часа. Педесет посто од децата во испитуваната група заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа споредено со оние од контролната група кај кои тоа изнесувало 9 часа. Просечното време до вертикализација во кревет во двете групи изнесува 4,1±0,9 v.s 9,9±1,8 часови со минимум од 3 v.s 7 и максимум од 6 v.s 12 часови. Просечната должина на белегот изнесува 1,9±0,9мм во испитуваната и 34,8±17,4мм во контролната група. За p<0,0001, утврдена е сигнификантна разлика помеѓу двете групи во однос на времетраење на интервенцијата, должина на престој во болница, заземање нормална положба во кревет, вертикализација во кревет и должина на белегот во прилог на испитуваната група. Алгезија, поради жалење на болка е дадена кај 2 (20%) од децата во испитуваната и 8 (80%) од оние во контролната група. Лесно впечатлив белег имаат 8 (80%) од пациентите во контролната група и ниеден пациент од испитуваната група. Белегот не ја нарушува естетиката кај 9 (90%) од пациентите во испитуваната група, и кај 2 (20%) од оние во контролната група. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален канал со еден порт, преставува минимално инвазивна метода за третман на ингвинални хернии во детска возраст со посебни предносто кај женските деца. Се чини дека наспроти бројните техники за третман на ингвиналните хернии во детска возраст во последната деценија, едно портната лапароскопска техника на затворање на внатрешниот ингвинален прстен претставува врвно достигнување во оваа проблематика.