Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
3 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, КОСКЕНИОТ КАНАЛ НА КОХЛЕАРНИОТ НЕРВ (BCNC) КАЈ ДЕЦА СО БИЛАТЕРАЛНО ТЕШКО СЕНЗОНЕВРАЛНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ- КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ(SHMSHM / AAMD, 2021-08-30); ; ; Цели: Цел на оваа ретроспективно аналитичка студија е одредување на вариациите на ширината од коскениот канал од кохлеарниот нерв кај пациенти со билатерално, тешко сензоневрално оштетување на слухот, која е корисна информација во предоперативната евалуација на децата кандидати за кохлеарна имплантација. Материјали и методи: Во оваа студија ретроспективно беа евалуираи КТ на 11 деца на возраст од 2-12 години, со билатерално тешко сензоневрално оштетување на слухот ,на кои во периодот Јули - Декември 2019 година на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје им беше вграден кохлеарен имплант. Аксијалните пресеци од нивните КТ снимки беа користени за мерење на ширината на коскениот канал од кохлеарниот нерв. Резултати: Од добиените резултати просечната вредност на ширината на BCNC кај нашата група на пациенти изнесува 1.5± 0.3мм, минимум 1.0 мм, максимум 2.3мм. Заклучок: Вредностите за ширината на BCNC се движат во широки граници и дополнителни истражувања се потребни за нивна спореба со вредностите кај пациенти кои имаат нормален слух. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Првични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај деца(2017); ;Ристо Симеонов ;Њјомза ЉуманиНаталија ЦоклескаАБСТРАКТ Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Индиректна ингвинална хернија се јавува со инциденца од од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно.Постојат хируршки техники на конвенционална и лапароскопски техника. Цел: Целта на оваа студија е да се прикажат првичните случаи на примена на лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Опфатени се вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои со клинички преглед е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика . Резултати: Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Просечната возраст изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Во тек самата интервенција се експлорирани и контралатералните ингвинални прстени и како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. Кај 50% од децата интервенцијата траела 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Аналгезија, поради болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика.За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна техника. Иако ни е потребно повеќе искуство лапароскопската техника дава повеќе предности како безбедна и ефективна техника, со намалена постоперативната болка, намален престој во болница, побрзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Laparoscopic hernioplasty in the treatment of female inguinal hernias in children age(Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, 2017); ;Simeonov R ;Cvetanoska VВовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Инциденцијата на индиректна ингвинална хернија изнесува од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно, за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Целта на оваа студија е да укаже на дескриптивните карактеристики на првичните случаи на примена на лапароскопската херниопластика како техника за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Примерокот опфаќа вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои во периодот од 2014/15 година, со клинички преглед, е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика Резултати: Просечната возраст на испитаниците изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Во тек на лапароскопската експлорација за ингвинална херниопластика, како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. кај 50% од испитаниците интервенцијата траела пократко од 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Аналгезија, поради жалење на болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика. За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна процедура која дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намален престој во болница, брзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.
