Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
3 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Антропометриска процена на нутритивниот статус кај деца на 5 годишна возраст во Р. Македонија(Medical Faculty, Ss Cyril and Methodius University in Skopje, 2009); - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, КОСКЕНИОТ КАНАЛ НА КОХЛЕАРНИОТ НЕРВ (BCNC) КАЈ ДЕЦА СО БИЛАТЕРАЛНИ ТЕШКО СЕНЗОНЕВРАЛНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ - КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ(SHMSHM/AAMD, 2021-08-30) ;М. Докоска ;С. Николова; Цели: Цел на оваа ретроспективно аналитичка студија е одредување на вариациите на ширината од коскениот канал од кохлеарниот нерв кај пациенти со билатерално, тешко сензоневрално оштетување на слухот, која е корисна информација во предоперативната евалуација на децата кандидати за кохлеарна имплантација. Материјали и методи: Во оваа студија ретроспективно беа евалуираи КТ на 11 деца на возраст од 2-12 години, со билатерално тешко сензоневрално оштетување на слухот ,на кои во периодот Јули - Декември 2019 година на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје им беше вграден кохлеарен имплант. Аксијалните пресеци од нивните КТ снимки беа користени за мерење на ширината на коскениот канал од кохлеарниот нерв. Резултати: Од добиените резултати просечната вредност на ширината на BCNC кај нашата група на пациенти изнесува 1.5± 0.3мм, минимум 1.0 мм, максимум 2.3мм. Заклучок: Вредностите за ширината на BCNC се движат во широки граници и дополнителни истражувања се потребни за нивна спореба со вредностите кај пациенти кои имаат нормален слух. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Проценка на нутритивниот статус кај деца во град Скопје - компаративна анализа за периодот 2010 - 2016 година(INSTITUTE OF PUBLIC HEALTH OF REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA, 2019-08-22) ;Gjetaj Jakovski, Marije; Цел на трудот беше да се направи компаративна анализа на нутритивниот статус на деца на возраст од 6 до 8 години во градот Скопје во 2010 и 2016 година. Материјал и методи: За спроведување на истражувањето во 2010 и 2016 година беше развиен протокол кој беше усогласен со протоколот на COSI истражувањето. Во двата круга на собирање на податоци во 14 основните училишта на територијата на град Скопје беа одбрани деца од второ одделение. Антропометриските испитувања се вршени според стандардите на СЗО за мерење на висина и тежина. Референците за раст на училишни деца на СЗО од 2007 година беа користени за да се пресметаат z-скоровите на стандардни девијации на индексот телесна маса-за-возраст (БМИ/В), како и за интерпретација на антропометриските индикатори. Финалната обработка на податоците и проценката беше направена со примена на WHO AnthroPlus софтверот. Резултати: Вкупниот број вклучени деца во истражувањето во 2010 година беше 324, од кои 174 машки и 150 женски деца. Во истражувањето во 2016 година беа вклучени 365 деца, од кои 183 машки и 182 женски деца. Индексот БМИ/В кај децата мерени во 2010 година покажа кај 0,3% потхранетост кај сите деца. Индексот БМИ/В покажува дека речиси кај една третина од децата постои зголемена ТТ и дебелина, со тоа што во 2010 година процентот на деца со зголемена ТТ и дебелина е повисок (32,4%) во однос на 2016 година (28,8%). Исто така, поголем процент на дебели деца се измерени во 2010 година (14,5%) во споредба со 2016 година (12,6%). Околу 5% од децата се со екстремна дебелина (% > +3СД) и се евидентирани во 2010 година, додека во 2016 година таа состојба е присутна кај 4,7%. Заклучок: Кривата на дистрибуција е поместена надесно во однос на референтните вредности, односно проблемите со исхраната на децата се поместени кон ризиците од зголемена телесна тежина и дебелина. Според тоа, и јавноздравствените акции треба да бидат насочени во тој правец. Потхранетоста, било умерена или тешка, ретко се среќава и не претставува значаен јавноздравствен проблем кај децата на оваа возраст во Македонија.
