Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Имунолошки карактеристики на пациенти со различна клиничка манифестација на COVID-19 во корелација со SARS CoV-2 вакцинации(SHMSHM - AAMD, 2024) ;Tatabitovska, Aleksandra; ; ; Вовед: Пандемијата на COVID-19 го смени животот на целата планета, однесе голем број на животи, многу луѓе останаа со трајни секвели. Во научната мисла перзистира енигмата за разноликоста во текот на болеста. Од особена важност е разбирањето на одбрамбените одговори од страна на имунолошкиот систем против инфекцијата со SARS-CoV-2, особено Т-лимфоцитните клетки кои го модулираат специфичниот имунолошки одговор, вклучувајки го целуларниот и хуморалниот дел. Цели: Да се одредат клиничките и патолошките карактеристики кај пациентите кои прележале тежок и лесен COVID 19, да се одредат разликите во хуморалниот имунолошки одговор кај различните групи пациентите и да се корелираат со вакциналниот статус на пациентите за SARS CoV- 2. Материјал и методи: Проспективна кохортна студија во времетраење од 3 месеци реализирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет – Скопје. Во студијата беа вклучени 50 пациенти со наполнети 18 години и постари, со прележан COVID 19 кои се поделени во две групи: лесна клиничка манифестација, или асимптоматски пациенти кои имале позитивен PCR за SARS-CoV-2 и пациенти со тешка клиничка манифестација и хоспитализација. Анализирани се параметрите од медицинската историја на болните, биохемиски анализи, параметри за хуморален имунолошки одговор, податок за вакцинација против SARS-CoV-2. Заклучок: Тежината на клиничката слика корелира правопропорционално со бројот на коморбидитетите, а обратнопропорционално со вакциналниот статус. Не се најде корелација со пушачкиот статус и тежината на клиничката слика. Пациентите со тежок COVID-19 имаа незначително повисок титар на IgG антитела. Студијата покажа дека 98% од сите испитаници имаа позитивни неутрализирачки антитела за SARS-CoV-2, со изразито висок титар над референтните вредности. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ИМУНОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАЦИЕНТИ СО РАЗЛИЧНА КЛИНИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА COVID-19 ВО КОРЕЛАЦИЈА СО SARS COV-2 ВАКЦИНАЦИИ И КОМОРБИДИТЕТИ(SHMSHM - AAMD, 2024) ;Tatabitovska, Aleksandra ;Brnjarchevska Blazhevski, Teodora; ; Вовед: Пандемијата на COVID-19 го смени животот на целата планета, однесе голем број на животи, многу луѓе останаа со трајни секвели. Во научната мисла перзистира енигмата за разноликоста во текот на болеста. Од особена важност е разбирањето на одбрамбените одговори од страна на имунолошкиот систем против инфекцијата со SARS-CoV-2, особено Т-лимфоцитните клетки кои го модулираат специфичниот имунолошки одговор, вклучувајки го целуларниот и хуморалниот дел. Цели: Да се одредат клиничките и патолошките карактеристики кај пациентите кои прележале тежок и лесен COVID 19, да се одредат разликите во хуморалниот имунолошки одговор кај различните групи пациентите и да се корелираат со вакциналниот статус на пациентите за SARS CoV- 2. Материјал и методи: Проспективна кохортна студија во времетраење од 3 месеци реализирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет – Скопје. Во студијата беа вклучени 50 пациенти со наполнети 18 години и постари, со прележан COVID 19 кои се поделени во две групи: лесна клиничка манифестација, или асимптоматски пациенти кои имале позитивен PCR за SARS-CoV-2 и пациенти со тешка клиничка манифестација и хоспитализација. Анализирани се параметрите од медицинската историја на болните, биохемиски анализи, параметри за хуморален имунолошки одговор, податок за вакцинација против SARS-CoV-2. Заклучок: Тежината на клиничката слика корелира правопропорционално со бројот на коморбидитетите, а обратнопропорционално со вакциналниот статус. Не се најде корелација со пушачкиот статус и тежината на клиничката слика. Пациентите со тежок COVID-19 имаа незначително повисок титар на IgG антитела. Студијата покажа дека 98% од сите испитаници имаа позитивни неутрализирачки антитела за SARS-CoV-2, со изразито висок титар над референтните вредности.
