Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Рана детекција на кератоконус со оптичка кохерентна томографија за преден сегмент-преглед на литература(Здружение на офталмолози на Македонија = Macedonian Association of Ophthalmologists, 2023-10); ; ; ; Pandilov, StefanКератоконусот како најчесто ектатично заболување на корнеата при востановен облик претставува релативно лесно препознатлива состојба. Сепак раните субклинички форми, како и form-fruste формата на кератоконус претставуваат предизвик во офталмолошката пракса. Корнеалната топографија иако златен стандард во поставувањето на дијагнозата за кератоконус, има одредени ограничувања при неговата рана детекција. Токму при вакви случаи, оптичката кохерентна томографија (ОКТ) на предниот сегмент претставува значајна алатка во детектирањето на раните стадиуми на ова корнеално заболување. Фокусот на овој труд е насочен кон препознавање на иницијалните патохистолошки механизми кои се случуваат кај корнеата со кератоконус и визуелизација на таа состојба преку мапите на оптичката кохерентна томографија на предниот сегмент. Епителното ремоделирање на корнеата кое настанува на местото на формирање на конусот е пресликано на епителната мапа на дебелина на ОКТ. Дополнително на тоа пахиметриските мапи и анализата на истите ни даваат уште подетална слика за промените на корнеата при кератоконус. Значењето на раната дијагноза на оваа корнеална ектазија е исклучително големо поради можноста за тепраписки модалитети кои што доколку се применат навремено ќе се намали потребата од идна кератопластика. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Adult -onset foveomacular vitelliform dystrophy-case report(ZOM, 2023-04); ;Pandilov, StefanФовеомакуларната вителиформна дистрофиа (ФМВД) е вид на pattern дистрофија чие наследување најчесто е автозомно доминантно и се одликува со билатерално зафаќање на двете очи.Сепак во литературата се опишани и спорадични случаи, каде не е најдена генетска мутација, специфчна за заболувањето. Се карактеризира со акумулација на жолтеникав дистрофичен матерјал во предел на макулата, над ретинален пигментен епител.Болеста се развива постепено во неколку стадиуми, па така може да се откријат различни промени во различен временски период, почнувајќи од мали жолтеникави точки, па последователна вителиформна лезија во фовеоларна регија со централна хиперпигментирана точка, се до хориоретинални лузни и атрофии. Цел Приказ на спорадичен случај на адултна форма на фовеомакуларна вителиформна дистрофија кај пациент на 52 годишна возраст. Кај пациентот при рутински офталмолошки преглед беше забележана овална жолтеникаво пребоена елевирана лезија во предел на макула, обострано. Наодот беше евалуиран со повеќе сликовни техники како ОЦТ. ОЦТ-А, АФ, ФФА при штосе постави клиничка дијагноза за адултна форма на фовеомакуларна вителиформна дистрофија.Генетските анализи и фамилјарната анамнеза не дадоа податок за хередитарност на заболувањето, со што случајот се води како спорадичен и редовно се следи на нашата Клиника за можна прогресија. Заклучок Адултната форма на ФМВД не е така често заболување кое со помош на офталмолошките сликовни техники се диференцира од останатите pattern дистрофии како и останатите фовео-макуларни заболувања со сличен клинички аспект, се со цел пациентите со овој наод да бидат соодветно следени и лекувани.
