Рана детекција на кератоконус со оптичка кохерентна томографија за преден сегмент-преглед на литература
Journal
Македонско списание за офталмологија = Macedonian Journal of Ophthalmology
Date Issued
2023-10
Author(s)
Pandilov, Stefan
Mehmeti, Gazmend
Klenkoski, Suzana
Abstract
Кератоконусот како најчесто ектатично заболување на корнеата при востановен облик претставува релативно лесно препознатлива состојба. Сепак раните субклинички форми, како и form-fruste формата на кератоконус претставуваат предизвик во офталмолошката пракса.
Корнеалната топографија иако златен стандард во поставувањето на дијагнозата за кератоконус, има одредени ограничувања при неговата рана детекција.
Токму при вакви случаи, оптичката кохерентна томографија (ОКТ) на предниот сегмент претставува значајна алатка во детектирањето на раните стадиуми на ова корнеално заболување.
Фокусот на овој труд е насочен кон препознавање на иницијалните патохистолошки механизми кои се случуваат кај корнеата со кератоконус и визуелизација на таа состојба преку мапите на оптичката кохерентна томографија на предниот сегмент.
Епителното ремоделирање на корнеата кое настанува на местото на формирање на конусот е пресликано на епителната мапа на дебелина на ОКТ.
Дополнително на тоа пахиметриските мапи и анализата на истите ни даваат уште подетална слика за промените на корнеата при кератоконус.
Значењето на раната дијагноза на оваа корнеална ектазија е исклучително големо поради можноста за тепраписки модалитети кои што доколку се применат навремено ќе се намали потребата од идна кератопластика.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
rana detekcija na keratokonus.pdf
Size
1.34 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):07dd34d05f5ca950f1bef387306986db