ВОВЕД. Билошките загадувачи на храната (патогени) предизвикуваат болести кај луѓето, особено бактериите со конзумација на храната првично заразена, или пак секундарно контаминирана со истите. Внесот на небезбедна храна е штетна по здравјето на човекот, особено поради несоодветна производствена или хигиенска практика низ целиот синџир на производство, обработка, преработка и дистрибуција на храна.