Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
1 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Првични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај деца(2017); ;Ристо Симеонов ;Њјомза ЉуманиНаталија ЦоклескаАБСТРАКТ Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Индиректна ингвинална хернија се јавува со инциденца од од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно.Постојат хируршки техники на конвенционална и лапароскопски техника. Цел: Целта на оваа студија е да се прикажат првичните случаи на примена на лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Опфатени се вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои со клинички преглед е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика . Резултати: Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Просечната возраст изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Во тек самата интервенција се експлорирани и контралатералните ингвинални прстени и како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. Кај 50% од децата интервенцијата траела 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Аналгезија, поради болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика.За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна техника. Иако ни е потребно повеќе искуство лапароскопската техника дава повеќе предности како безбедна и ефективна техника, со намалена постоперативната болка, намален престој во болница, побрзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.
