Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ЈАВНО ЗДРАВСТВЕНИ АСПЕКТИ НА САЛМОНЕЛОЗА(2022-05-20); Ирена БрчинаАбстракт ВОВЕД. Безбедноста на храната е важен принцип во креирањето на здрави навики во исхраната. Миење на рацете, миење на овошјето и зеленчукот, спречувањето на вкрстената контаминација, готвење до безбедни температури во внатрешноста на храната, како и безбедно чување на храната во домашни услови се неколку од најважните принципи за безбедност на храната. Салмонелозата, претставува зооноза која кај човекот се манифестира како акутно инфективно заболување и има последици по здравјето кај населението. Најчести предизивикувачи од нетифоидните салмонелози се Salmonella typhimurium и Salmonella enteritidis. Резервоар и извор на заразатa се животните, а човекот се инфицира со конзумирање на контаминирана храна од животинско потекло. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да го прикаже следењето на микробиолошката (не)исправност на прехранбените производи од салмонела. Бидејќи бактеријата Salmonella spp лесно се размножува во храната без да ги промени органолептичките својства на истата, често пати населението при конзумирање на храната, не ни претпоставуваат дека веќе се затруле со храна. Затоа бактериолошкото следење на салмонелите има превентивна улога за заразните болести кои се пренесуваат со небезбедна храна. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа обработени се и анализирани софтверски податоци за период 2016-2020 година за извршени микробиолошки анализи на примероци (мостри) од храна според детектирани бактерии во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС. 321 РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период од 2016 до 2020 година во микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС, анализите според групи на откриени бактерии укажуваат дека Salmonella spp го завзeма првото место од вкупниот број детектирани бактерии. Од вкупниот број 29103 извршени бактериолошки анализи според откриени бактерии, 24,6% се примероци (мостри) храна од увоз додека 75,4% се од домашно производство. Од вкупниот број на примени мостри од промет и домашно производство 64,7% отпаѓаат на занаетчиско производство. Процентот на неисправни мостри во истражуваниот период, според детектираните бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година или вкупно 137 неисправни мостри. Во истражуваниот петгодишен период за бактериолошка анализа на мостри храна според детектираниот број на откриени бактерии, Salmonella spp е детектирана со 24.4%. Од вкупниот број 7094 на детектирани салмонели во мострите храна од увоз отпаѓаат 6,9%, додека 93,1% се од домашно производство. Во вкупниот број на земените мостри за бактериолошко иследување според бактериите во прометот и домашното производство, занаетчиското производство учествува со 69.3%. Процентот на неисправни мостри од Salmonella spp во истражуваниот период е само 3 неисправни мостри или истите се движат од 0.06% во 2016 година до 0.10% во 2020 година. Во прометот и домашното производство се детектирани сите три неисправни мостри или во занаетчиското производство се две неисправни мостри и една мостра во 2016 година од индустриското производство. ЗАКЛУЧОК. Според МКБ 10 Ревизија, во групата на цревните инфективни болести, салмонелниот ентерит како и локализирани салмонелни инфекции (A02) настануваат како резултат на алиментарни труења со салмонела во храната, како инфекција или алиментарна интоксикација предизвикана со било кој тип на Salmonella, освен Salmonella typhy и Salmonella paratyphy. Петгодишната анализа на примени мостри храна за бактериолошко иследување на најчести групи на бактерии кои се појавуваат во небезбедните мостри во анализираниот период, кои се испитуваат во бактериолошката лабораторија во ЦЈЗС, Salmonella spp е на прво место, потоа следуваат Escherichia coli, вкупниот број на видовите Enterobacteriacea, мувли, квсци и други останати бактерии. 322 Процентот на неисправите мостри од споменатата бактерија е незнатен и тоа укажува дека храната која се консумира е безбедна храна за потрошувачите и дека операторите и произвводителите ги запазуваат процедурите на HACCP контролниот систем за безбедност на храната. Клучни зборови: храна, безбедност, бактерии, бактериолошки анализи, салмонела. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, МИКРОБИОЛОШКА (НЕ) ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД НАЈЧЕСТО ОТКРИЕНИ БАКТЕРИИ ЗА ПЕРИОД 2016-2020(2022-05-20); Ирена БрчинаАбстракт ВОВЕД. Биолошките, хемиските и физичките опасности односно ризиците за безбедна храна се причина за алиментарни труења на луѓето. Во последните десет години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивудуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката исправност на прехранбените производи. Болестите кои се поврзани со консумирање на небезбедна храна од присуство на микроорганизми (бактерии, вируси, фунги, приони, паразити и др.) истите имаат способност да живеат во човекот и да произведуваат 294 токсини (отрови). За тоа е потребно континуирано следење на исправност на храната од здравствен аспект. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа анализирани се софтверски податоци за бактериолошките анализи на земени мостри од прехранбени производи и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии во храната. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се примени вкупно 24973 мостри за храна. По извршена хемиска и бактериолошка анализа неисправноста на мострите се движи од 0,4% во 2016 година до 0,7% во 2020 година. Бактериолошката анализа на 26 подгрупи од прехранбените производи покажа дека мострите храна учествуваат со 29,1% од увоз додека 70,9% се мостри за анализа од домашно производство. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Незначаен пораст на процентот е забележан кај примените мостри на храна од увоз, но исто така и кај мострите од домашно производство. Најголемо зголемување е забележано во 2019 година и процентот изнесува 2,37% неисправни мостри храна од домашно производство. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Еnterobacteriaceae, Мувли и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на регистрираните бактерии. Податоците укажуваат дека споменатите бактерии иако најчесто се откриваат во анализираните мостри на храна, нивниот број рапидно и неколку кратно се намалува во истражуваниот период. Процентот пак на неисправните мостри храна поради бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година и истиот се одржува на исто рамниште. ЗАКЛУЧОК. Бидејќи бројот на примените мостри храна за бактериолошко истражување покажува рапидно намалување скоро за половина, истото се должи на новите конкурентските акредитирани лаборатории кои ги вршат истите анализи. Бидејќи процентот на неисправни мостри од прехранбени производи за бактериолошката анализа покажува дека се одржува континурано ниско, тоа значи дека операторите на храна ги спроведуваат потребните стандарди за 295 добра производствена и хигиенска пракса на прехранбените производи. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Клучни зборови: храна, бактерии, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри, болести.
