Faculty of Medicine
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14
Browse
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, МИКРОБИОЛОШКА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД ДЕТЕКТИРАНА ESCHERICHIA COLI(2023); Ирена БрчинаВОВЕД. Во светот во последните години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивидуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката (не)исправност на прехранбените производи според бактеријата Escherichia coli. Здравствената безбедност на прехранбените производи е основен приоритет за спречување на појава на болести кои настануваат како последица од консумирање на небезбедна храна. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа за период од пет години статистички се анализирани податоци кои се софтверски обработени во посебни програми за земени мостри од прехранбени производи. Земените мостри од прехранбени производи се микробиолошки анализирани според детектиран вид на бактерии. Во трудот аналитички се обработени земените мостри храна според бактеријата Escherichia coli која е детектирана при бактериолошка анализа. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се при@@@@@ 296 мени вкупно 24973 мостри за храна. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Мувли, Еnterobacteriaceae и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на детектирани причинители. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Анализата покажува дека мострите храна кои се анализирани од прехранбени производи според потеклото на мострите се од увоз, од домашно производство, од индустриско производство, од занаетчиско производство и од промет. Процентот на неисправни мостри во кои е детектирана бактеријата Escherichia colli од вкупно извршени 6678 микробиолошки анализи изнесува 0,34%, додека тој процент е нешто повисок кај мострите земени само од занаетчиското производсто и изнесува 0,41%. Ова покажува дека во занаетчиското производство на храна, потребните процедури на HACCP контролните ситем за воведување на добра хигиенска пракса се во тек, но сеуште не се нецелосно имплементирани од страна на менаџерските тимови. ЗАКЛУЧОК. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Детектирањето на бактеријата Escherichia colli укажува на фекална контаминација на храната што значи дека се манипулира со храната во лоши хигиенски услови, со низок степен на лична хигиена. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ЗДРАВСТВЕНА (НЕ)ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ПОРАДИ ПРИСУСТВО НА ДЕТЕКТИРАНИ ENTEROBACTERIACEA(2023); Ирена БрчинаВОВЕД. Enterobacteriacea се главен меѓународен јавно здравствен проблем поради несоодветните опции за третман на пациентите и историски заостанато темпо на развој на нови антимикробни лекови. Несоодветната антимикробна терапија кај луѓето и животните, заедно со зголемената глобална поврзаност, помогната за пренос на инфекции отпорни на лекови, Enterobacteriacea имаат епидемиолошко значење бидејќи истите се сметаат за бактерии индикатори за микробиолошкиот квалитет на храната и хигиенскиот статус на производствениот процес. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже, колку е значајна контролата на безбедност на храната во насока на редовно спроведување на надзор на прехранбените производи кои се од домашно производство особено во занаетчиско производство. Групата бактерии од видот Enterobacteriacea која може да се детектира бактериолошки кај животните, но и кај луѓето има епидемиолошко значење од аспект на здравствените ризици кои се јавуваат поради консумирање на небезбедна храна. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа анализирани се податоци од добиени резултати од микробиолошка анализа на мостри од прехранбени производи во кои се детектирани Enterobacteriacea. Потоа за период од пет години, со анализа на софтверски обработени податоци во соодветни програми е извршена дистрибуција на обележјата според местото на добиениот примерок на храна, вид на детектирани неисправни мостри храна со акцент на бактериите Enterobacteriacea. РЕЗУЛТАТИ. Во петгодишниот период на нашето истражување примени се вкупно 29103 мостри од прехранбени производи за бактериолошка анализа на храната и нејзината безбедност за консумирање од населението. Анализирани се седумнаесет групи бактерии според видовите: Salmonnela SPP, Коагулаза позитивни стафилококи, Сулфиторедукувачки клостридиуми, вид бактерии од Proteus, Escherichia coli, Квасци, Мувли, Бактерии контаминенти, Listeria monocitogenes, Campilobacter SPP., Salmonela grupa C1, Enterobacteriacea, Lactobacilus, Escherichia coli O157:H7, Enterobacter sakazakii, Yersinia enterocolitica и вкупно квасци и мувли. Во вкупниот број на примени мостри храна од домашно производство и увоз детектирани се 0,47% на небезбедни примероци храна. Дистрибуција на најчести бактерии кои се детктирани во неисправните мостри храна се неколку типа на бактерии кои исто така учествуваат со 0,5% во неисправни мостри храна кои во континуитет се појавуваат секоја година во истраѓуваниот период 2016-2020 година како што се: Salmonnela SPP Escherichia coli, Квасци, Мувли, Бактерии контаминенти, Listeria monocitogenes и Enterobacteriacea. Во земени мостри 3743 храна за бактериска анализа на Enterobacteriacea, детектирани се неисправни мостри 1,38%. Оваа група на бактерии најчесто се детектира во млечни производи и производи од месо. Дистрибуцијата на неисправни мостри храна е извршена според местото на производство на прехранбени производи, па така кај неисправните мостри храна од увоз во која е детектирана групата на Enterobacteriacea процентот на неисправност се движи од 0,44% во 2017 година до 0,38% во 2020 година, односно незнатно се намалува. Што се однесува до процентот на неиправните мостри храна во која е детектирана групата Enterobacteriacea, од домашното производство се движи од 3,65% во 2017 година до 2,04% во 2020 година и тука има незнатно намалување на бројот на неисправните мостри. Покачување на процентот на неисправни мостри од споменатата бактерија се забележува кај прехранбените производи од индустриско производство и истите изнесуваат од 0,49% во 2917 година до 1,36% во 2020 година. Резултатите во дистрибуцијата на неисправните мостри прехранбени производи кои се во групата на домашно занаетчиското производство укажуваат на намалување на процентот на неисправните мостри храна во која е детектирана групата Enterobacteriacea, односно иако во 2017 година процентот е 14,06%, а во 2020 година изнесува 4,17%, што говори дека квалитетот на прехранбениот производ сеуште не е здравствено безбеден и може да предизвика здравствени последици кај населението. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати може со сигурност да заклучиме дека во домашното занаетчиско производство на прехранбени производи најчесто е детектирана групата Enterobacteriacea и тоа најчесто поради небезбедно подготвување на храна. Ова значи дека писмените процедури за контрола согласно HACCP контролниот систем доследно не се применуваат и спроведуваат. Од погоре споменатите причини здравствената едукација е неопходно да се спроведува за безбедност на храната особено во домашното занаетчиско производство на прехранбени производи. Затоа е потребно на операторите на храна да се ораганизираат Обуки за HACCP контролниот систем од стручни лица кои ќе ги едуцираат во целиот ситем на производство и промет на храна. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ЗДРАВСТВЕНИ РИЗИЦИ ОД НЕБЕЗБЕДНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ(2023); Ирена БрчинаВОВЕД. Болестите предизвикани од небезбедна вода за пиење се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Податоците на СЗО говорат дека секоја година околу 500 милиони луѓе заболуваат од болести поврзани со водата за пиење. Околу 20% од светската популација немаат пристап до безбедна вода за пиење. Небезбедна вода за пиење е најголем јавно здравствен проблем на денешницата. Квалитетот на здравствената исправност на водата за пиење ги намалува здравствените ризици од цревни заразни заболувања. ЦЕЛ НА ТРУДОТ. Цел на трудот е да се прикаже санитарно-хигиенската состојба на водоснабдување од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори и др.) во мал број на населени места во руралното подрачје на градот Скопје во кој живеат неколку илјади жители сепак користат небезбедна вода за пиење. Поради користење на небезбедна вода за пиење иако е несомнено мал бројот на ова население (неколку илјади) во однос на вкупниот број жители на градот Скопје, сепак постојат здравствени ризици по нивното живеење од аспект на појава на цревни заразни болести. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛ. Со ретроспективен метод на работа, анализирани се софтверски податоци согласно бактериолошките анализи на примени 920 мостри вода од населени места во руралното подрачје на град Скопје и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии. РЕЗУЛТАТИ. Во истражуваниот период 2012–2017 година во Микробиолошката лабораторија при ЦЈЗС примени се вкупно 5921 мостри од вода при што е направена дистрибуција на бројот на примени и бактериолошки неисправни мостри вода селектирани според местото на користење и употреба на водата од: ■ населени места кои се приклучени на градски водовод ■ јавни водоснабдителни објекти со кои управува јавно комунално претпријатие. ■ водоснабдителни објекти од сопствен водовод ■ локални водоснабдителни објекти (бунари, пумпи, селски чешми, кладенци) ■ викенд населби и хотелско-угостителски и туристички објекти кои имаат сопствени водоснабдителени објект ■ работни организации со сопствени водоснабдителени објект ■ водоснабдителни објекти кои имаат посебни својства (минерални, лековити и сл.) ■ останати водоснабдителни објекти (чешми, бунари, извори и др.) Анализите покажуваат дека мострите вода земени од градскиот водовод како и примероците вода земени од градските населби каде се приклучени на градскиот водовод и канализација, не се пронајдени неисправни мостри вода и не се детектирани бактерии во мострите вода, така да водата во Градот Скопје е безбедна за користење и пиење. Во трудот е анализирана и прикажана дистрибуција на мостри вода од водоснабдителните објекти (чешми, бунари, извори идр.) во населените места во руралните средини од каде и земени 920 мостри вода за бактериолошко иследување и притоа се детектирани најчести бактерии за загадување на водата како што се: Pseudomonas spp.; Аеробни Мезофилни бактерии; Escherichia coli; Најверојатен број на Колиформни бактерии; Сулфиторедуцирачки клостридиуми; Proteus spp.; Enterococus. Анализата покажа дека вкупниот број на земените примероци вода од населени места во руралните подрачја (извори бунари, чешми) се 30,5% во однос на вкупниот број на земени мостри за градот Скопје, додека процентот на неисправни мостри од руралното подрачје во кои се детектирани бактерии, истите учествуваат со 15,5% во вкупниот број на детектирани неисправни мостри. Во населените места во руралните средини каде не е поставена водоводна мрежа ниту објектите за вода се приклучени на други локални водоводи каде месното население користи вода од други водоснабдителни објекти како на пример (чешми, бунари, извори и др.) детектирани се бактерии во 509 примероци вода. Процентот на неисправните мостри вода е висок и истиот по години се движи од 51,2% во 2012 година до 50,8% во 2017 година. ЗАКЛУЧОК. Според добиените резултати од следењето на состојбата на водоснабдителните објекти и квалитетот на вода за пиење во руралните подрачја, може со сигурност да се заклучи дека водоснабдувањето е епидемиолошки несигурно, поради бактериолошка загаденост на водата за пиење. Детектираните бактерии со микробиолошка анализа ни укажуваат дека водата е загадена со бактери кои предизвикува цревни заразни заболувања. Здравствените ризици особено кај највулнерабилните групи од населението во руралните подрачја, оставаат последици по здравјето на населението и затоа е потребен континуиран мониторинг и евалуција за состојбата со водоснабдителните објекти.
