"Blaze Koneski" Faculty of Philology
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/1
Browse
2 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Analyse des euphémismes de la guerre et des procédés d'euphémisation à partir d'un corpus de presse écrite française et macédonienne(филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје Универзитет „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2015)M.A. Anita KuzmanoskaРЕЗИМЕ: АНАЛИЗА НА ЕУФЕМИЗМИТЕ НА ТЕМА ВОЈНА И НИВНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ЕУФЕМИЗАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА КОРПУС ОД НАПИСИ ОД ФРАНЦУСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ На денешната светската сцена беснеат војни, конфликти и насилство од секаков вид. Со сè повисокиот степен на насилство, некои информации стануваат тешко соопштиви. Во модерните општества кои се нарекуваат „цивилизарани“, важаат правила на јазична учтивост или политичка коретност кои ја заштитуваат јавноста од шокантни, непријатни зборови кои би можеле да ги повредат нивните чувства. Така секоја информација за конфликтни ситуации и насилствата кои можат да бидат застрашувачки за обичниот човек (разни воени операции, масакри, пустошење,...) треба да бидат внимателно пренесени на јавноста со прикладно избрани зборови од страна на медиумите, т.е новинарите. Новинарот е должен да ги почитува деонтолошките принципи и новинарската етика. За таа цел, тој ги применува сите расположливи јазични средства кои јазикот ги нуди. Во печатените медиуми се користат повеќе јазични вештини за да се постигне одреден ефект врз читателот. Еуфемизмот е едно од тие средства кои ги користат новинарите за ублажување на чуствителните информации кои ги создаваат воеите конфликти. Меѓутоа, покрај грижата да се остане во политички коректниот јазик, во намерата да се применува ублажувачки форми на изразување се открива личниот став на новинарот во однос на една конкретна конфликтна сутуација или поточно, ставот или политичката определеност на весникот за кој се пишува. Во првиот дел од овој труд, преку пребарување на написи од француски и македонски он лајн весници (Le Monde, Le Monde diplomatique, Figaro, L’Express, и др. Нова Македонија, Вечер, Утрински весник) кои известуваат за војни и конфликти низ светот, ќе се обидеме да ги издвоиме најмаркантните еуфемизми. Ќе се земаат во предвид написи кои известуваат за конфликти и воини кои се временски подалечни (војна во Алжир во 1954-1962 г.) но и написи за војни кои се одвивале во едно поблиско минато (војна во Македонија во 2001 г., во Ирак во 1993-2003 г. , во Либија во 2011г., во Украина во 2014г.). Еуфемизмите може да бидат „вистински“, ја ублажуваат грубата вистина или „неуспешни“ т.е демаскирани еуфемизми кои се предмет на критика во новинарските написи предмет на нашиот интерес. Анализата пак на создадениот корпус на еуфемизми на француски и на македонски јазик ќе ни овозможи во вториот дел од трудот да ги издвоиме средствата преку кои се постигнува ублажувачкиот ефект на францускиот и македонскиот еуфемизам на тема војна. Ќе забележиме дека во двата јазика предмет на нашето истражување, тој ефект на разводнување, ублажување, „засладување“ се постигнува со помош на две главни стратегии а тоа е стратегијата на дедраматизација и стратегијата на манипулација т.е контрола на јавното мнение. Јазичните средства применети за таа цел се „генерализација“ (замена на несаканиот термин со хипероним или хипоним или обезименување на реалноста), „разубавувањето“, „намалувањето“ (amoindrissement),или „контра-конотацијата“ (спојување на два збора со спротивно значење), или употребата на сигла и/или странски зборови. На крај од студијата, ќе ги изнесеме нашите забелешки од споредбата на еуфемизмите и средствата за еуфемизација кои се користат за информирање на воени теми во францускиот и македонскиот јазик. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, L'ENSEIGNEMENT DES LANGUES ROMANES À LA FACULTÉ DE PHILOLOGIE « BLAZE KONESKI » PRES L'UNIVERSITÉ « STs CYRILLE ET METHODE » A SKOPJE EN MACÉDOINE : TRADITION ET INNOVATION(филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје Универзитет „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2017-11)M.A. Anita KuzmanoskaРЕЗИМЕ НАСТАВАТА ПО РОМАНСКИ ЈАЗИЦИ НА ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“, ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА: ТРАДИЦИЈА И ИНОВАЦИЈА Катедрата за романски јазици и книжевности има долга традиција во наставата. Минатата година, Катедрата славеше 70 години од своето постоење. Со основањето на Филозофскиот факултет во 1946 год., на Катедрата за романска филологија почна со работа само студиската група за француски јазик и книжевност. До денешни дни, покрај оваа студиска група, се отворени уште и студиската група за италијански јазик и книжевност (четиригодишни студии), која во 2010 година прерасна во самостојна Катедра, како и студиските групи за романски и за шпански јазик (четиригодишни студии). Во 2007 година се воведува настава по португалски јазик. Освен романските јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се изучуваат и многу други јазици како што се : англискиот, германскиот, хрватскиот, словенечкиот, српскиот, рускиот, албанскиот, турскиот, итн. Во Македонија, по 2000 година се појавува бран реформи и иновации во високото образование.Така, новиот европски систем на пренесување на кредити (ЕКТС), имплементиран во Европа на почетокот на 2000 година, се воведува на Филолошки факултет и на Катедрата за романски јазици и книжевности во учебната 2005/2006 година. Во 2001 г., група експерти во Советот на Европа изработува правилник за изучување на странските јазици наречен „Заедничка европска референтна рамка за јазици: учење, настава и оценување“, со цел да се обезбеди една заедничка основа за јасно опишување на целите, содржината и методите во изучувањето на еден јазик. Во Македонија, имплементацијата на оваа рамка започна во 2012 г., со објавувањето на нејзиниот превод. На овие промени се додава и развојот на информатичките технологии кој значајно се одразува на наставата по странски јазици во високото образовање. Целта на нашето истражување е, преку анализата на прашалник пополнет од страна на професорите по романски јазици на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, да се воочат разликите во наставата за странски јазици пред 20 години и денес. Поточно, ќе го испитаме мислењето на професорите по романски јазици за прашања што ги засегаат лично (оптовареност со часови денес и порано, можност за усовршување, однос кон новиот ЕКТС систем на студирање, Европската референтната рамка на јазиците, итн), за прашања поврзани со студентите (мотивираност, редовност, извршување на домашните задачи, успех, итн), и за прашања во однос на наставните содржини (користење на новите технологии на часовите по странски јазик, застапеноста на преводот, правописот, литературните текстови, учењето преку игра, должината на текстовите како наставен материјал, итн).
