Поклоничките патувања се забележани како значаен сегмент од духовниот живот во христијанската историја уште од првите векови, како еден од најстарите облици на верскиот израз. Историјата го бележи значењето и развојот на овој феномен, кој е многузначен, затоа што во него се испреплетуваат религиски, културолошки и антрополошки елементи. Поклоништвото како потрага по светоста, но и како потврда за целосната посветеност кон неа, претставува значаен дел и од македонската духовна традиција, како во минатото, така и денес.