Iustinianus Primus Faculty of Law
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22
Browse
3 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Одговорност за штета предизвикана од животни: секторски режим за јавните патишта(Правен факултет „Јустинијан Први“, 2018)Гавриловиќ, НенадВо трудот се анализира одговорноста за штета предизвикана од животни на јавните патишта. Проблематиката се анализира преку споредување на решенијата на Законот за облигационите односи, а особено оние што се резултат на неговата реформа извршена во 2008 година, и посебните прописи со кои што се уредуваат јавните патишта. Што се однесува на последниве, истите се прикажуваат како од аспект на нивната содржина така и од аспект на нивната примена во судската практика. Се прави, притоа, обид решенијата за одговорноста за штета предизвикана од животни содржани во посебните прописи со кои што се уредуваат јавните патишта да се квалификуваат во смисла на општите прописи, односно во смисла на актуелните правила на Законот за облигационите односи. Ова со цел да се согледаат соодветноста и оправданоста на посебните прописи со кои што се уредуваат јавните патишта. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Одржувањето на јавните патишта и штетите предизвикани од животни: критика на секторските правила(Јуридика Прима, 2017)Гавриловиќ, НенадТрадиционално, проблематиката на штетите настанати на јавните патишта се уредува со секторски правила. Ваква е состојбата и на домашните прописи и истите се однесуваат и на штетите на јавните патишта чиј што извор се животни. Во трудот, нивната соодветност се разгледува од неколку аспекти. Најпрво, начелно се разгледува соодветноста на секторските правила во контекст на општиот режим за одговорноста за штета предизвикана од животни уреден во Законот за облигационите односи, особено по неговата новелација извршена во 2008 година. Понатаму, се анализира проблематиката на кругот одговорни субјекти според секторските правила, а во контекст на законските обврски на соодветните субјекти задолжени за одржување на јавните патишта. Конечно, се разгледаат границите на одговорноста на соодветните субјекти во смисла на изречните секторски правила. Се изнесуваат, притоа, критички ставови за правно-политичката основаност и соодветноста на секторските правила. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Одговорност за штета предизвикана од животни: општ режим(Правен факултет „Јустинијан Први“, 2016)Гавриловиќ, НенадВо трудот се анализира правната уреденост на одговорноста за штета предизвикана од животни која што е резултат на реформата на македонското облигационо право извршена во 2008 година. Појдовна основа на анализата е дилемата за третманот на животните како опасни ствари, имајќи ги предвид претпоставките на македонскиот систем на т.н. отштетно право, како историски така и во однос на актуелните решенија. Потоа се разгледуваат главните белези на новите правни правила и тоа како во однос на нивното вклопување во домашниот систем така и во однос на нивната релација со споредбените искуства. Сево ова во насока на согледување на соодветноста и оправданоста на актуелните правни правила.
