Одговорност за штета предизвикана од животни: секторски режим за јавните патишта
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по повод 40 години од основањето на студиите по новинарство, том 57
Date Issued
2018
Author(s)
Гавриловиќ, Ненад
Abstract
Во трудот се анализира одговорноста за штета предизвикана од животни на јавните патишта. Проблематиката се анализира преку споредување на решенијата на Законот за облигационите односи, а особено оние што се резултат на неговата реформа извршена во 2008 година, и посебните прописи со кои што се уредуваат јавните патишта. Што се однесува на последниве, истите се прикажуваат како од аспект на нивната содржина така и од аспект на нивната примена во судската практика. Се прави, притоа, обид решенијата за одговорноста за штета предизвикана од животни содржани во посебните прописи со кои што се уредуваат јавните патишта да се квалификуваат во смисла на општите прописи, односно во смисла на актуелните правила на Законот за облигационите односи. Ова со цел да се согледаат соодветноста и оправданоста на посебните прописи со кои што се уредуваат јавните патишта.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
steta_zivotni_javni patista.pdf
Size
419.52 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):be406f987edaa09df79a9d60669e4029
