Одржувањето на јавните патишта и штетите предизвикани од животни: критика на секторските правила
Date Issued
2017
Author(s)
Гавриловиќ, Ненад
Abstract
Традиционално, проблематиката на штетите настанати на јавните патишта се уредува со секторски правила. Ваква е состојбата и на домашните прописи и истите се однесуваат и на штетите на јавните патишта чиј што извор се животни. Во трудот, нивната соодветност се разгледува од неколку аспекти. Најпрво, начелно се разгледува соодветноста на секторските правила во контекст на општиот режим за одговорноста за штета предизвикана од животни уреден во Законот за облигационите односи, особено по неговата новелација извршена во 2008 година. Понатаму, се анализира проблематиката на кругот одговорни субјекти според секторските правила, а во контекст на законските обврски на соодветните субјекти задолжени за одржување на јавните патишта. Конечно, се разгледаат границите на одговорноста на соодветните субјекти во смисла на изречните секторски правила. Се изнесуваат, притоа, критички ставови за правно-политичката основаност и соодветноста на секторските правила.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
steta_patista.pdf
Size
362.86 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):95891bc74de2c98f94aae5451126f869
