Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Medicine
  3. Faculty of Medicine: Journal Articles
  4. Проценка на нутритивниот статус кај деца во град Скопје - компаративна анализа за периодот 2010 - 2016 година
Details

Проценка на нутритивниот статус кај деца во град Скопје - компаративна анализа за периодот 2010 - 2016 година

Journal
Archives of Public Health
Date Issued
2019-08-22
Author(s)
Gjetaj Jakovski, Marije
DOI
10.3889/aph.2019.4203
Abstract
Цел на трудот беше да се направи компаративна анализа на нутритивниот статус на деца на возраст од 6 до 8 години во градот Скопје во 2010 и 2016 година. Материјал и методи: За спроведување на  истражувањето во 2010 и 2016 година беше развиен протокол кој беше усогласен со протоколот на COSI истражувањето. Во двата круга на собирање на податоци во 14 основните училишта на територијата на град Скопје беа одбрани деца од второ одделение. Антропометриските испитувања се вршени според стандардите на СЗО за мерење на висина и тежина. Референците за раст на училишни деца на СЗО од 2007 година беа користени за да се пресметаат z-скоровите на стандардни девијации на индексот телесна маса-за-возраст (БМИ/В), како и за интерпретација на антропометриските индикатори.  Финалната обработка на податоците и проценката беше направена со примена на WHO AnthroPlus софтверот. Резултати: Вкупниот број вклучени деца во истражувањето во 2010 година беше 324, од кои 174 машки и 150 женски деца.  Во истражувањето во 2016 година беа вклучени 365 деца, од кои 183 машки и 182 женски деца. Индексот БМИ/В кај децата мерени во 2010 година покажа кај 0,3% потхранетост кај сите деца. Индексот БМИ/В покажува дека речиси кај една третина од децата постои зголемена ТТ и дебелина, со тоа што во 2010 година процентот на деца со зголемена ТТ и дебелина е повисок  (32,4%) во однос на 2016 година (28,8%).  Исто така, поголем процент на дебели деца се измерени во 2010 година (14,5%)  во споредба со 2016 година (12,6%). Околу 5% од децата се со екстремна дебелина (% > +3СД) и се евидентирани во 2010 година, додека во 2016 година таа состојба е присутна кај 4,7%.  Заклучок: Кривата на дистрибуција е поместена надесно во однос на референтните вредности, односно проблемите со исхраната на децата се поместени кон ризиците од зголемена телесна тежина и дебелина. Според тоа, и јавноздравствените акции треба да бидат насочени во тој правец. Потхранетоста, било умерена или тешка, ретко се среќава и не претставува значаен јавноздравствен проблем кај децата на оваа возраст во Македонија.
Subjects

деца

исхрана

зголемена телесна те...

дебелина

јавно здравје

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify