Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/900
Наслов: Страбизам и ризик фактори кај Down синдром
Other Titles: Strabism and Risc Factors in Down syndrom
Authors: Љубиќ, Антонела
Трајковски, Владимир 
Тојтовска, Билјана
Keywords: Down синдром, страбизам, рефракција, ризик-фактори
Issue Date: 2010
Publisher: Лекарска комора на Македонија
Source: Љубиќ А, Трајковски В, Тојтовска Б. Страбизам и ризик фактори кај Down синдром. Vox Medici 2010; 19 (68): 110-112
Journal: Vox Medici
Abstract: Цел: Langdon-Down синдромот (ДС) или трисомија 21, претставува најчеста аберација на автозомните хромозоми. Нарушувањето на окуларниот мотилитет во популацијата со ДС се јавува во повисок процент во однос на општата популации а (20-57%). Целта на нашата студија беше да се спореди преваленциј ата на ризик-факторите во настанокот на страбизмот помеѓу македонската и хрватската популација со ДС. Методи: Во епидемиолошката, популациски базирана, пресечна студија беа вклучени испитувана група со 108 испитанци со ДС од Република Македонија и контролна група со 64 испитаници со ДС од Република Хрватска. Испитаниците беа на возраст од 1,9 до 41 година. Кај секој испитаник беше направен комплетен офталмолошки преглед кој вклучуваше: преглед на предниот, среден и заден очен сегмент, процена на окуломоторната рамнотежа, како и преглед на рефрактивниот статус во краткотрајна циклоплегија. Анализирани беа пре, пери и постнаталните ризик-фактори, како и прематуритетот и гестациската старост. Резултати: Пренаталните ризик-фактори во испитуваната страбична група беа присутни со 8.3%, додека во контролната страбична со 15,3%, перинаталните во испитуваната група со 19,4%, додека во контролната со 12,5% и постнаталните во испитуваната група со 24,0%, додека во контролната со о%. Прематуритетот во испитуваната страбична група беше застапен со 5,5 %, додека во страбичната контролна група со 7,6% . Заклучок: Вредностите на родилната тежина и гестациската старост, беа во рамките на стандардните, со пгго се исклучуваат како ризик-фактор во појавата на страбизам кај ДС. Пре и постнаталните ризик-фактори се исклучуваат како ризик-фактори за појава на страбизам кај ДС. Повисока беше преваленцијата на перинаталните ризик-фактори, и тоа ри - зик-факторот- sectio cesarea.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/900
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Прикажи целосна запис

Page view(s)

55
Last Week
0
Last month
checked on 23.7.2024

Download(s)

18
checked on 23.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.