Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/893
Title: Квалитетот на односот меѓу браќата и сестрите во семејствата кои имаат дете со аутизам
Other Titles: The quality of sibling relationship in families that have a child with autism
Authors: Илиќ Пешиќ, Милена
Keywords: аутизам, квалитет на однос, браќата и сестрите, семејство
Issue Date: 2013
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Илиќ Пешиќ М. Квалитетот на односот меѓу браќата и сестрите во семејствата кои имаат дете со аутизам. Магистерски труд. Филозофски факултет: Скопје, 2013, 1 - 131
Abstract: Вовед: Односот помеѓу братот и сестрата е една од основните меѓучовечки врски во животот на човекот. Доколку во семејството постои дете со аутизам, можат да се јават некои импликации врз целокупното семејство и неговото функционирање, а воедно и врз односот помеѓу браќата и сестрите. Цел: Основната цел на овој труд е да се истражи квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите во семејства во кои има дете со аутизам. Да се направи споредба помеѓу квалитетот на братскиот/сестринскиот однос во семејства во кои има дете со аутизам и квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите од контролната група. Притоа, правејќи споредба меѓу двете групи, да се утврди нивото и карактерот на очекуваните и перципираните карактеристики од страна на родителите во врска со квалитетот на односот помеѓу нивните деца. Методи: Во истражувањето е опфатен примерок од 132 испитаника од кои 66 се членови на семејства во кои има дете со аутизам и 66 испитаника од контролната група, т.е. семејства во кои нема дете со аутизам. Податоците беа обработени со стандарден статистички програм СПСС - 21 фор Њиндоњс ЏП, применувајќи Манн–Њхитнеѕ У и Њилцоџон Њ тест, за независни и корелирани примероци, соодветно. За статистички значајна разлика ја сметавме разликата на ниво на значајност од п < 0, 05. Резултати: Во однос на позитивните карактеристики на квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите не постои статистички значајна разлика, освен во варијаблата сличност во интереси која е повисока кај браќата и сестрите од контролната група. Во однос на негативните карактеристики во односот помеѓу браќата и сестрите постои статистички значајна разлика само кај нивото на принуда во односот помеѓу браќата и сестрите кое е пониско кај семејства во кои има дете со аутизам. Во однос на очекуваните и перципираните позитивни карактеристики од страна на родителите, нивото на очекуваната и перципираната блискост во односот помеѓу браќата и сестрите е повисока во семејства во кои нема дете со аутизам. Кај очекуваните и перципираните негативни карактеристики од страна на родителите, постои статистички значајна разлика во нивото на перципираното соперништво кое е пониско кај родителите од испитуваната група. Во однос на тоа дали постои статистички значајна разлика помеѓу очекуваните и перципираните позитивни и негативни карактеристики од страна на родителите кај испитуваната и контролната група, заклучивме дека очекуваната блискост и очекуваното соперништво се значајно поголеми од перципираните блискост и соперништво и кај двете групи. Заклучок: Постојат одредени разлики во квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите, зависно од тоа дали се работи за семејство во кое има дете со аутизам или семејство од, условно кажано, редовната популација. Не мора нужно да се со негативна конотација разликите кои се појавуваат помеѓу двете групи. Неопходна е широка акција за подигање на јавната свест во однос на аутизмот, што би придонело за намалување на стигмата што ја перципираат семејствата. Но, најважно од сè би било формирање на групи за поддршка на истите, првенствено на браќата и сестрите на кои би им помогнале подобро да се справат со предизвиците кои ги носи имањето брат или сестра со аутизам.
Description: Милена Илиќ Пешиќ го одбрани магистерскиот труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 10.06.2013 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Ристо Петров, 3. Проф. д-р Огнен Спсаовски
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/893
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Milena Ilikj Peshikj-magisterski trud.pdf1.02 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

76
checked on Apr 18, 2024

Download(s)

149
checked on Apr 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.