Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/881
Title: Стрес, начини на справување и поддршка на родители на деца со аутистичен спектар на нарушување
Other Titles: Stress, coping and support among parents of children with autism spectrum disorders
Authors: Нолчева, Мери
Keywords: аутистичен спектар на нарушување, интелектуална попреченост, родителски стрес, начини за справување, семејна поддршка
Issue Date: 2015
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Нолчева М. Стрес, начини на справување и поддршка на родители на деца со аутистичен спектар на нарушување. Магистерски труд. Филозофски факултет: Скопје, 2015; 1-132
Abstract: Вовед: Дијагностицирањето на децата со аутистичен спектар на нарушувања секоја година рапидно расте, односно секоја година сѐ повеќе семејства се соочуваат со уникатни предизвици поврзани со одгледувањето дете со аутистичен спектар на нарушување. Стресот што го доживува родителот е значаен аспект од исполнувањето на улогата на родител, а да се има дете со аутистичен спектар на нарушување значително влијае на доживеаниот стрес од страна на родителот. Низ литературата се посочува дека поддршката што семејството ја добива и начините на кои се справува со стресот се обратнопропорционално поврзани со нивото на родителскиот стрес. Цел: Целта на ова истражување е процена на нивото на стресот кај родителите на деца со аутистичен спектар на нарушување, на кој начин тие се справуваат со него и утврдување на нивото и видот на семејна поддршка, во споредба со родителите на деца со интелектуална попреченост. Методи: Во истражувањето е опфатен пригоден примерок на испитаници составен од една група родители на деца со аутистичен спектар на нарушување (N=35) и друга група родители на деца со интелектуална попреченост (N=35). Податоците беа обработени во SPSS и за анализа на собраните податоци беа користени t-тестот за компарација на независни примероци и Пирсоновиот коефициент за корелација помеѓу две варијабли. За статистички значајна разлика беше земена p<0,05. Резултати: Интерпретацијата на резултатите во однос на нивото на родителскиот стрес не доведе до значајна разлика помеѓу двете испитувани групи, што е спротивно на истражувањата од приложената релевантна литература. Средните вредности во двете групи во однос на тоталниот стрес-скор укажуваат на клинички сигнификантно ниво на стрес помеѓу родителите, односно М=94,94 за родителите на деца со аутистичен спектар на нарушување и М=93,46 за родителите на деца со интелектуална попреченост, што се наоѓа во 90-от процент од скалата. Особена област од супсистемите на родителскиот стрес не се истакна како статистички значајна при компарација на двете испитувани групи. Во врска со начините за справување со стресот што ги користат родителите на деца со АСН се истакна дека поголема употреба на дистракција и неангажираност доведуваат до зголемување на нивото на стрес, додека употребата на когнитивно репланирање доведува до намалување на родителскиот стрес. И во двете испитувани групи ангажираноста се истакнува како стратегија за справување со стрес. Во однос на семејната поддршка, резултатите посочуваат на корелација помеѓу поддршката и родителскиот стрес, односно поддршката претставува битен ублажувач и механизам за справување и намалување на стресот кај родителите на деца со АСН, односно r=-0,415. Како битен извор на поддршка испитаниците од двете групи со висок степен ја истакнуваат поддршката од сродството и поддршката од сопруг/партнер. Заклучок: Од истражувањето може да се изведе заклучок дека не постојат драстични разлики помеѓу стресот, начините за справување и семејната поддршка помеѓу родителите на деца со аутистичен спектар на нарушување и родителите на деца со интелектуална попреченост. Битно е понатаму да се истражат овие аспекти за да може да им се даде соодветна поддршка на родителите на деца со попреченост, за да се адаптираат соодветно и функционално да се приспособат на потребите на своето дете.
Description: Мери Нолчева го одбрани магистерскиот труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 12.06.2015 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова, 3. Доц. д-р Ана Фрицханд
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/881
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Meri Nolcheva-magisterska.pdf998.29 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

193
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

431
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.