Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/877
Наслов: Подобрување на разбирањето на емоциите кај ученици со нарушување од аутистичен спектар – евалуација на компјутерска интервенција
Other Titles: Improving Emotional Understanding of Students with Autism Spectrum Disorder: Evaluation of a Computer Intervention
Authors: Василевска Петровска, Ивана
Keywords: аутизам, препознавање емоции, фацијални експресии, компјутерска интервенција, социо-емоционални компетенции
Issue Date: 2017
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Василевска Петровска И. Подобрување на разбирањето на емоции кај ученици со нарушувањe од аутистичен спектар - евалуација на компјутерска интервенција. Магистерски труд. Филозофски факултет: Скопје, 2017; 1-126
Abstract: Вовед: Способноста за препознавање на афективните лицевите експресии кои пренесуваат витални невербални знаци за толкување на однесувањето на другите луѓе, претставува основа на социо-емоционалните компетенции, чиј дефицит се смета за главен извор на функционалната попреченост и за критичен аспект на интервенциите за подобрување на функционирањето кај АСН. Потребата од едукативни интервенци кои можат да ги приближат учениците со АСН до нивните врсници во однос на овие вештини е консензуалнa. Компјутерската технологија нуди уникатен модалитет за едукација и третман, комплементарен на традиционалните пристапи, чиј потенцијал допрва треба да се потврди и реализира. Цел: Ова истражување ја евалуира ефикасноста на нова едукативна интервенцијa за подобрување на разбирањето емоции во однос на три нивоа на компетенции: препознавање на основните афективни фацијални експресии од фотографии, од шематски прикази-пиктограми; и идентификување на емоции од социјален контекст. Методи: Применивме рандомизиран експериментaлен метод со две изедначени групи. Експерименталната група (n=16) ја користеше програмата 12 часа (60 мин. неделно), додека контролната група (n=16) не беше вклучена во било каква интервенција или обука надвор од вообичаената наставна програма во соодветното училиште. Резултати: Четири последователни ANCOVA анализи, со контрола за коваријатите степен на аутистично нарушување и возрастa на субјектите, покажаа дека во однос на контролната група, екперименталната група демонстрираше подобри вкупни постигнувања (на ниво на значајност α=0.01) на тестот за разбирање на емоции. Ефектот е најголем кај препознавање емоции од шематски цртежи, каде екперименталната група има значајно подобри постигнувања на ниво на α= 0.01. Кај способностите за препознавање емоции од реални лица т.е. фотографии, и идентификување на емоции од социјален контекст експерименталнaта група покажа подобри постигнувања на ниво на α= 0.05. Заклучок: Компјутерската интервенција се покажа ефикасна во подобрување на разбирањето емоции кај учениците со АСН, на сите три нивоа на компетенции. Подобрувањето е генерализирано и кај емоционални експресии на претходно непознати лица. Иако охрабрувачки, нашите резултати претставуваат само прв чекор во развојот на сеопфатен курикулум за поддршка на емоционалното разбирање како исклучително важен дел од вкупните социо-емоционални компетенции на учениците со АСН.
Опис: Ивана Василевска Петровска ја одбрани својата магистерска теза на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 15.11.2017 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Даниела Димитрова Радојичиќ, 3. Проф. д-р Виолета Арнаудова
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/877
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Magisterska-Ivana Vasilevska Petrovska.pdf2.71 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

71
checked on 24.4.2024

Download(s)

329
checked on 24.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.