Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8632
Title: Психолошки аспекти на меѓуврсничкото насилство во училиште и ефекти врз развојот на децата и адолесцентите
Authors: Фрицханд, Ана 
Keywords: меѓуврсничко насилство во училиште, малтретирање (булинг), средно детство, адолесценција
Issue Date: 2019
Publisher: Просветно дело
Source: Фрицханд, А. (2019). Психолошки аспекти на меѓуврсничкото насилство во училиште и ефекти врз развојот на децата и адолесцентите. Списание за теорија и практика на образованието Просветно дело, 72, 2, 16-33. UDK:37.06-057.874:316.624.3
Journal: Списание за теорија и практика на образованието, Просветно дело
Abstract: Феноменот на меѓуврсничкото насилство во училиштата, најчесто манифестирано во форма на малтретирање или популарно наречено булинг, како аспект на агресивното однесување, сѐ почесто се позиционира во фокусот на светската стручна јавност, како еден од централните проблеми во однесувањето на учениците, со кои се соочуваат училиштата. Малтретирањето во меѓуврсничките релации консензуално се разгледува како динамичен и мултифакторијално условен феномен, во кој учествуваат фактори што потекнуваат од поединецот, од семејството, од врсниците, но и од училиштето и од општеството. Практиката покажува дека насилството меѓу врсниците најчесто станува видливо од 10-годишната возраст и продолжува во адолесценцијата, а вклучува малтретирање и физички напад со или без оружје, но може да вклучи и форми на насилство во кое учествуваат банди. Според последните податоци што ги соопштува Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), на глобално ниво, нешто повеќе од еден од тројца ученици на возраст од 13 до15 години се соочуваат со малтретирање, а приближно ист процент се вклучени во физички пресметки. Наедно, три од десет ученици во 39 индустријализирани земји признаваат дека малтретираат врсници. Кога станува збор за разлики помеѓу момчињата и девојките, податоците покажуваат дека двата пола се подеднакво изложени на ризик од малтретирање, со таа разлика што постои поголема веројатност девојките да станат жртви на психолошки форми на малтретирање, додека, пак, момчињата се изложени на поголем ризик од физичко насилство и закани. Дополнително загрижува фактот што определени форми на малтретирање се јавуваат на сѐ порана возраст, што уште повеќе ги усложнува и онака негативните и деструктивни ефекти по севкупниот развој на децата и на адолесцентите. Оттука, во овој труд ќе се разгледаат видовите и формите на меѓуврсничкото насилство во училиштето, со посебен акцент на психолошките аспекти и ефектите од малтретирањето врз развојот на поединецот во периодите на средното детство и на адолесценцијата. На крајот, ќе се истакне важноста од раното препознавање на малтретирањето и можните начини на справување, со цел намалување на долготрајните негативни развојни последици од изложеноста на истото.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8632
ISSN: 0350-6711
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Psiholoski aspekti na megjuvrsnickoto nasilstvo.pdf205.34 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

209
checked on Jun 29, 2022

Download(s)

102
checked on Jun 29, 2022

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.