Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8632
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorФрицханд, Анаen_US
dc.date.accessioned2020-07-02T18:31:42Z-
dc.date.available2020-07-02T18:31:42Z-
dc.date.issued2019-
dc.identifier.citationФрицханд, А. (2019). Психолошки аспекти на меѓуврсничкото насилство во училиште и ефекти врз развојот на децата и адолесцентите. Списание за теорија и практика на образованието Просветно дело, 72, 2, 16-33. UDK:37.06-057.874:316.624.3en_US
dc.identifier.issn0350-6711-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/8632-
dc.description.abstractФеноменот на меѓуврсничкото насилство во училиштата, најчесто манифестирано во форма на малтретирање или популарно наречено булинг, како аспект на агресивното однесување, сѐ почесто се позиционира во фокусот на светската стручна јавност, како еден од централните проблеми во однесувањето на учениците, со кои се соочуваат училиштата. Малтретирањето во меѓуврсничките релации консензуално се разгледува како динамичен и мултифакторијално условен феномен, во кој учествуваат фактори што потекнуваат од поединецот, од семејството, од врсниците, но и од училиштето и од општеството. Практиката покажува дека насилството меѓу врсниците најчесто станува видливо од 10-годишната возраст и продолжува во адолесценцијата, а вклучува малтретирање и физички напад со или без оружје, но може да вклучи и форми на насилство во кое учествуваат банди. Според последните податоци што ги соопштува Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), на глобално ниво, нешто повеќе од еден од тројца ученици на возраст од 13 до15 години се соочуваат со малтретирање, а приближно ист процент се вклучени во физички пресметки. Наедно, три од десет ученици во 39 индустријализирани земји признаваат дека малтретираат врсници. Кога станува збор за разлики помеѓу момчињата и девојките, податоците покажуваат дека двата пола се подеднакво изложени на ризик од малтретирање, со таа разлика што постои поголема веројатност девојките да станат жртви на психолошки форми на малтретирање, додека, пак, момчињата се изложени на поголем ризик од физичко насилство и закани. Дополнително загрижува фактот што определени форми на малтретирање се јавуваат на сѐ порана возраст, што уште повеќе ги усложнува и онака негативните и деструктивни ефекти по севкупниот развој на децата и на адолесцентите. Оттука, во овој труд ќе се разгледаат видовите и формите на меѓуврсничкото насилство во училиштето, со посебен акцент на психолошките аспекти и ефектите од малтретирањето врз развојот на поединецот во периодите на средното детство и на адолесценцијата. На крајот, ќе се истакне важноста од раното препознавање на малтретирањето и можните начини на справување, со цел намалување на долготрајните негативни развојни последици од изложеноста на истото.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherПросветно делоen_US
dc.relation.ispartofСписание за теорија и практика на образованието, Просветно делоen_US
dc.subjectмеѓуврсничко насилство во училиште, малтретирање (булинг), средно детство, адолесценцијаen_US
dc.titleПсихолошки аспекти на меѓуврсничкото насилство во училиште и ефекти врз развојот на децата и адолесцентитеen_US
dc.typeJournal Articleen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
crisitem.author.deptFaculty of Philosophy-
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Psiholoski aspekti na megjuvrsnickoto nasilstvo.pdf205.34 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи едноставен запис

Page view(s)

523
checked on 15.8.2025

Download(s)

356
checked on 15.8.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.