Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/8587
Наслов: | ОКУЛАРНИ МАНИФЕСТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТКА СО РЕВМАТОИДЕН АРТРИТИС | Authors: | Велковска Б Трпевска Шекеринов Н Иванова М |
Keywords: | ревматоиден артритис (RA) периферен улцеративен кератитис (PUК) склеромалација ОЦТ на преден сегмент (OCT - AS) |
Issue Date: | 2019 | Publisher: | SHMSHM / AAMD | Journal: | MEDICUS | Abstract: | Ревматоидниот артритис (RA) е системско заболување со автоимуна етиологија и со манифестации во многу органи. Офталмолошките презентации вклучуваат синдром на суво око (секундарен Сјогрен-ов синдром), еписклеритис, склеритис и периферен улцеративен кератитс (PUК). Најчест окуларен симптом кај RA е суво око кој се јавува кај 9-31% од пациентите. Фреквенцијата на јавување на склеритис е кај околу 0.15-6.3%. Увеитисот е ретка компликација кај возрасни со RA. Периферниот улцеративен кератитис (PUК) е тешка компликација на ревматоиден артритис (RA) што може да доведе до брза деструкција на рожницата – мелтинг и перфорација со губење на видот. Установено е дека е предвесник на системскиот васкулитис и носи висока стапка на смртност, доколку не се лекува агресивно. Склеромалација перфоранс е исто тешка комликација која ретко завршува со пефорација, иако името асоцира на спротивното, меѓутоа води до губиток на видот. Потребен е агресивен третман и соработка меѓу офталмолозите и ревматолозите за да се постигне стабилизација на состојбата и сочувување на видната острина. Цел на трудот е експлицитен приказ на случај со периферен улцеративен кератитис и склеромалација како окуларна компликација резултат на долгоперзистирачки ревматоден артритис, да се насочи вниманието на истото, што би имало едукативно значење за лекарите кои се занимаваат со патологија на предниот сегмент на окото. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/8587 | ISSN: | 1409-6366 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
medicus-dhjetor-2019.pdf | 2.38 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.