АСОЦИРАНОСТ НА СЕРУМСКИОТ ЛИПИДЕН СТАТУС СО НАЧИНОТ НА АПЛИКАЦИЈА НА ХЕРОИНОТ КАЈ ОПИЈАТНА ЗАВИСНОСТ
Journal
Physioacta
Date Issued
2010
Author(s)
Божиновска Ц
Петковска Л
Чибишев А
Бабуловска А
Abstract
Хроничната злоупотреба на хероин е асоцирана со нарушувања во серумскиот липиден профил на зависниците и почеста појава на напредната артериосклероза кај опиоидни зависници што е презентирано во постмортем студии. Поновите студии упатуваат на веројатно дополнително влијание на начинот на употреба на дрогата врз појава на дислипидемијата. Целта на студијата беше да го евалуира влијанието на инхалаторниот наспроти интравенскиот начин на апликација на хероинот врз липидниот статус на хероинските зависници.
Студијата е прсечна и проспективна, вклучува 40 испитаници, хероински зависници, поделени во 2 групи според начинот на употреба на дрогата (инхалаторно и интравенски). Групите се хомологни според возраст, пол, БМИ, Бринкман-ов индекс, но со подолготраен период на злоупотреба на дрогата кај интравенските корисници ( група2). Зависниците со интравенски начин на консумација имаат статистички значајно пониски вредности на HDL-C ( 0,99 ± 0,33 mmol/l vs. 1,17 ± 0,27 mmol/l) и apoA-I (1,13 ± 0,19 g/l vs. 1,38 ± 0,24 g/l) во однос на инхалаторните корисници и контролната група на здрави испитаници ( 1,40 ± 0,30 mmol/l за HDL-C и 1,40 ± 0,37 g/l за apoA-I). Снижени вредности за apoB (0,65 ± 0,17 g/l ver. 0,70 ± 0,28 g/l) има кај двете групи хероински зависници во однос на контролната група. Групата интравенски зависници со значајно намалени концентрации на HDL-C и apoA-I e со статистички сигнификантно подолготрајна злоупотреба на дрогата во однос на инхалаторните корисници ( 6,50 ± 3,9 год vs. 4,41 ± 3,1 год, p<0,5).
Заклучок: хроничната злоупотреба на хероин по пат на интравенска консумација е поврзана со значајна редукција на серумските нивоа на HDL-C и apoA-I нивоата во однос на инхалаторниот внес. Времетраењето на зависноста го потенцира снижувањето на нивоата на антиатерогените липидни фракции во прилог на кумулативен ефект на експозицијата на опијати врз метаболичките нарушувања.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
naslovna.pdf
Size
500.45 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9c9b8cd44150a814310fbbe66ad62712
Loading...
Name
abstract .pdf
Size
1.29 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c3a50e1acd5e7973fd7e383824d8c85d