Нарушување на серумскиот липиден профил под кумулативно влијание на кумулативниот ефект на пушењето цигари кај ХЦВ негативни хероински зависници
Journal
Physioacta
Date Issued
2011
Author(s)
Божиновска Ц
Димитриевски Ч
Здравковска М
Чибишев А
Петковска Л
Бабуловска А
Јуруков И
Abstract
Хероинската зависност е придружена со зависност од никотин, при што двете состојби предизвикуваат патофизиолошки механизми со резултантно нарушување на серумскиот липиден профил. Целта на студијата беше да го процени кумулативното влијание на пушењето цигари врз серумскиот липиден профил кај хероински зависници кои беа серолошки негативни на хепатитис Ц инфекција и имаа уреден БМИ.
Материјал и метод: во студијата која е пресечна и проспективна, без споредени вредностите на TGL, LDL-C, HDL-C, apoA-I и apoB кај 70 хероински зависници поделени во 2 групи:група 1 со кумулативен ефект на пушење цигари-Бринкман индекс (БИ) ≤ 240, и група 2 со висок БИ ≥240, како и трета контролна група, непушачи. Групата со висок БИ во однос на групата со низок БИ манифестираше статистички значајно повисоко ниво на TGL (1,91 ± 0,96 vs. 1,25 ± 0,63) и статистички незначајно зголемување на LDL-C (2,57 ± 0,72 vs 2,95 ± 1,22) со apoB (0,75 ± 0,24 vs. 0,57 ± 0,15). Порастот на LDL-C беше модулиран само со возраста на пациентите,а не од кумулативниот индекс на пушење. Во групата со висок БИ споредено со контролната група беше регистрирано статистички значајно намалување на нивоата на HDL-C ( 1,05 ± 0,28 vs. 1,60 ± 0,51) и apoA-I ( 1,23 ± 0,25 vs. 1,61 ± 0,28). Од сите опсервирани параметри, apoB најсилно корелираше со БИ ( ρ = 0,47, p= 0,000).
Заклучок: пушењето цигари придонесува за појава на зголемени вредности на TGL, apoB и за снижување на HDL-C и apoA кај ХЦВ негативни хероински зависници со уреден БМИ. Овој тип нарушувања на серумскиот липиден профил создаваат предуслови за развој на зголемен кардиоваскуларен ризик како дополнителен медицински проблем кај оваа популациона група.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Physioacta lipidi pusenje.pdf
Size
242.29 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):712d6463fbbcb4de5a9e2d7c89c3192a
Loading...
Name
Physioacta lipidi pusenje2.pdf
Size
1.25 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):08f30f8e74380cbd14117081f9d3314d