ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФЕКТОТ НА ПОКАЧЕНИОТ ИНТРААБДОМЕНАЛЕН ПРИТИСОК НА ВИСЦЕРАЛНАТА ПЕРФУЗИЈА
Journal
MEDICUS
Date Issued
2013-09
Author(s)
Зорка Николова - Тодорова
Гордана Талеска
Маја Мојсова Мијовска
Вања Џамбазовска Трајковска
Abstract
Вовед: Евалуација на ефектот на покачениот интраабдоменален притисок (ИАП) на висцералната перфузија и
претставување на абдоменлниот перфузиски притисок (АПП) како супериорен во однос на средниот артериски
притисок при проценување на висцералната перфузија.
Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 60 пациенти поделени во три групи (според класификацијата
од WSACS): група 1. (N=20) пациенти со ИАП 12-15 mmHg, група 2. (N=20) пациенти со ИАП 16-20 mmHg и група
3. (N=20) пациенти со ИАП 21-25 mmHg. Пациентите беа стратифицирани во една од трите групи зависно од
вредноста на ИАП добиена во две последователни мерења. Анализирани беа следните параметри: параметар
кој се мереше: ИАП, параметар кој се отчитуваше (од мониторот за хемодинамски мониторинг во моментот
кога се мереше ИАП):средниот артериски притисок (САП) и параметар кој се пресметуваше по формула: АПП.
Резултати: Според демографските податоци не постои статистички сигнификантна разлика односно се работи
за хомогена група. Беше регистрирана статистички сигнификантна негативна корелација помеѓу вредностите
на ИАП со вредностите на САП и АПП во втората и третата група за p<0.05 и статистички сигнификантна
позитивна корелација помеѓу вредностите на САП и АПП во трите групи p<0.05.
Заклучоци: Мониторингот на ИАП игра значајна улога во подобрувањето на клиничкиот менаџмент на
пациентите. Нормална вредност на САП не е предиктор за соодветна абдоменална органска перфузија, АПП
е попрецизен предиктор на висцералната перфузија и супериорен во однос на средниот артериски притисок
при проценување на висцералната перфузијa.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Medicus IAP.pdf
Size
8.39 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2b4ff54b8ee9aead4308ad61e8c5e63a