Преведување националсоцијалистичка лексика од германски на македонски јазик врз примерот на романот ВИДИ КОЈ СЕ ВРАТИ од Тимур Вермеш
Date Issued
2017
Author(s)
Emina Avdic, Емина Авдиќ
Abstract
Во овој труд се обработуваат лексичко-семантички проблеми при преведувањето националсоцијалистичка лексика од германски на македонски јазик. Станува збор за посебни лексеми и синтагми карактеристични за периодот од 1933 до 1945 год., имено за времето на националсоцијализмот во Германија. Корпусот се состои од германскојазичниот роман ER IST WIEDER DA (2014) на Тимур Вермеш и од македонскиот превод ВИДИ КОЈ СЕ ВРАТИ (2013) на Елена Конеска и Душанка Каевска. Спорадично се наведуваат и потврди од српскиот, хрватскиот и англискиот превод на романот. Корпусот, меѓу другото, нуди основа за меѓујазично и меѓукултурно пренесување на националсоцијалистичка лексика.
Предмет на анализа се постапките за постигнување на денотативна еквивалентност според Колер (2001: 228 и натаму): а) позајмување на лексемата од изворниот јазик без или со фонетско, графемско и морфолошко приспособување кон нормите на целниот јазик; б) дословно преведување; в) избор на најблизок еквивалент; г) експликација или парафразирање и д) адаптација.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Preveduvanje nacionalsocijalistička leksika od germanski na makedonski jazik vrz primerot na romanot Vidi koj se vrati od Timur Vermeš.pdf
Size
277.94 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d193568ebd721d7253faef0728691d78