Влијанието на ортодонтските аномалии врз појавата на гингивалната инфламација
Journal
Архиви на јавно здравје = Archives of public health
Date Issued
2018
Author(s)
Наташа Тошеска-Спасовa
Илбер Балажи
Билјана Џипунова
Елена Созовска
Зоран Спасов
Abstract
Освен микроорганизмите од денталниот плак, кои се основни чинители во етиологијата на
гингивалната инфламација, локален ризик-фактор кој има големо влијание врз клиничката експресија на инфламацијата се ортодонтските аномалии, бидејќи создаваат услови
за поголема акумулација на денталниот плак. Целта на трудот е да се утврди влијанието
на ортодонтските аномалии - збиеност и отворен загриз, како локални ризик-фактори
во однос на акумулацијата на денталниот плак кој е примарен етиолошки фактор во етиопатогенезата на гингивалната инфламација и да се утврди патолошкото влијание на
денталниот плак врз гингивалното ткиво, преку евидентирање на индексот на гингивална
инфламација (ИГИ) и индексот на гингивално крвавење (ИГК). Материјал и методи: За таа
цел беа опсервирани 60 пациенти со ортодонтски аномалии, од кои 30 со збиеност и 30
со отворен загриз. Како контролна група беа вклучени 30 испитаници без ортодонтски
аномалии. Кај сите испитувани групи беше проследен индексот на дентален плак (ИДП),
индексот на гингивална инфламација (ИГИ) и индексот на гингивално крвавење (ИГК).
Резултатите покажаа дека постои статистички значајна разлика во вредностите на ИДП,
ИГИ и ИГК помеѓу испитаниците со ортодонтски аномалии и испитаниците без ортодонтски аномалии. Добиените резултати укажуваат на фактот дека ортодонтските аномалии
се ризик фактор за појавата на гингивална инфламација која е вовед во пародонталната
болест. Кај пациентите со ортодонтски аномалии, неопходна е едукација, мотивација и
користење на соодветни механички и хемиски средства за одржување на добра орална
хигиена, со цел да се заштити веќе афектираниот пародонтален комплекс.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2241-##default.genres.article##-8629-1-10-20181113.pdf
Size
919.63 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):954f0e597d9ad10483bab679f97f9f9f
Loading...
Name
163-82-PB APH Editorial Board.pdf
Size
4.54 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f2dbec7a8c6d978b3cb2567d96fdaa96