ТЕРАПИСКИ ПРИСТАП СО БУПРЕНОРФИН ОДНОСНО МЕТАДОН КАЈ ЗАВИСНИЦИ ОД ХЕРОИН
Journal
Medicus
Date Issued
2015
Author(s)
Jurukov I.
Abstract
Oвој труд има за цел да ги спореди искуствата од терапискиот пристап со бупренорфин односно метадон при зависност од хероин.
Maтеријал и методи: Истражувањето е проспективно рандомизирано, контролирано. Спроведено е на Универзитетската Клиника за Токсикологија и Центарот за зависности. Со истражувањето се опфатени вкупно 140 зависници од хероин поделени во две групи од по 70 испитаници кои минимум три месеци пред почетокот на истражувањето биле доброволно вклучени на супституционен третман со бупренорфин (испитувана група)
односно метадон (контролна група). Во двете групи следена е: просечната доза на одржување како и влијанието на времетраењето на зависноста од хероин врз висината на просечната доза на одржување.
Резултати: Постои сигнификантна разлика од две години (t-test<0,05), во однос на просечното времетраење на злоупотребата на хероин помеѓу испитуваната (5,9±2,3) и контролната група (7,8±2,4). Согледана е позитивни, односно директни корелација помеѓу просечното времетраење на користење на хероин и просечната доза на
одржување на бупренорфин односно метадон при третман на хероински зависници.
Заклучок: Соодветната доза на бупренорфинот и метадон во индукционата фаза е критичниот фактор за успешноста во лекувањето на хероинските зависници. Ниските дози на бупренорфин и метадон во фазата на оджување ја зголемуваат “гладта“ за хероин, со што се објаснува зголемениот процент на рецидиви. Постои позитивна корелација помеѓу историјата на просечното времетраење на користење на хероин и просечната
доза на одржување на бупренорфин односно метадон при третман на хероински зависници

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus.pdf
Size
4.6 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):99ea1dd91c589041ba615487e518eb84