Фраземата си прави бајрам на умот како еквивалент во преводите од полски јазик
Journal
Славофраз 2017. Имињата и фразеологијата
Date Issued
2018
Author(s)
Танушевска, Лидија
Abstract
Во овој труд е претставен преводот како дело ослободено од оригиналот, во кое доаѓа до израз креативноста на преведувачот при изборот на еквиваленти. Имено, во еден обид за деконструктивистичка анализа на преводите на литературни дела од полски на македонски јазик, се обидуваме да покажеме дека не може да има еквиваленција во фразеологијата, без позиционирање на фраземата во сосема идентичен контекст. Анализата поаѓа од фраземата „си прави Бајрам на умот“, која се појавува во преводот на македонски јазик, за да се дојде до сумирање дека ниеден од нејзините т.н. еквиваленти во полскиот јазик не се појавува во оригиналот, односно нејзината употреба во македонскиот превод е мотивирана од контекстот.
Subjects
