Јазичната норма во книжевниот превод од полски јазик
Date Issued
2017
Author(s)
Танушевска, Лидија
Abstract
Освен кусиот осврт на преведувачката дејност во последнава деценија, која опфаќа преводи на литературни дела од полски јазик, овој труд ги изнесува прашањата поврзани со јазичниот стил во преводите од полски јазик, со посебен акцент на интерференциите на словенските сродни јазици. Исто така, се разгледува проблемот на преводната еквиваленција што се колеба на границата на јазичната норма. Се поставуваат и разгледуваат прашања во врска со компетенциите на преведувачот во однос на јазичната норма – колку е преведувачот свесен за јазичната норма и дали јазичната норма одговара на потребите на книжевниот превод. Дали преведувачот треба да биде истовремено и лектор и какви се релациите меѓу нив во поглед на непреводливоста и креативноста на уметничкиот превод?
Subjects
