„Империјата“ од Ришард Капушќињски: Човечна приказна за нечовечноста“
Journal
окно.мк
Date Issued
2015
Author(s)
Танушевска, Лидија
Abstract
Литературниот вид на кој спаѓа ова дело, а кој кај нас не е многу застапен и развиен, во Полска има голема традиција и значење во развојот на полската современа литература. Имено, „Империјата“ се сместува во т.н. литература на фактите или нефиктивна литература, која претставува автентични ликови и настани.Ришард Капушќињски има препознатлива наративна техника, длабоки психолошки портрети на ликовите, стилско богатство од метафори и невообичаена имагинација како средство за интерпретација на светот, особено на најмалку познатите култури и места. „Империјата“ е посветена на големата Русија. Оваа книга ги опишува промените што се случуваат на територијата на Русија по падот на Советскиот Сојуз. Авторот ја споредува и современата состојба со некогашната Русија. Совршено му ја претставува на читателот историјата на ова моќно царство и се обидува да ја разбере. Тој се обидува, пред сѐ, да го разбере богатството на културата, традицијата, се разбира, не избегнувајќи ги строго политичките теми, бидејќи тие не можат да се избегнат туку така...
Subjects
