Метафикција на женски начин (полско-македонска паралела)
Journal
XLI Меѓународна научна конференција на XLVII Meѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Лингвистика и литература Охрид 14-15 јуни 2014
Date Issued
2015
Author(s)
Танушевска, Лидија
Abstract
Женската икона во книжевноста, создавана од страна на женски писателки, женскиот агол на гледање на светот и женското пишување беше мотивот да се направи следниов обид за сопоставување на две дела кои се одликуваат со метафикциска техника на вметнување фиктивни елементи во историски релевантни настани и фигури. Се работи за романите: „Куклите на Росица“ од Оливера Николова и „Талкачи“ од Олга Токарчук. Во статијата се разработуваат разликите во нарацијата, кои можат да се припишат на различниот развој на книжевностите на двете земји и на општествено-политичките услови во кои настануваат, но и на генерацискиот јаз помеѓу двете авторки. Оливера Николова повеќе влече кон традиционалното, а Олга Токарчук кон универзалното.
Subjects
