Лексиката во преводите од англиски на македонски јазик на научна и стручна литература од економско-финансиската област
Date Issued
2016
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Влијанието на глобалните економски случувања врз развојот на сите држави во светот, вклучително и врз развојот на Република Македонија, остава свој печат и врз јазикот, односно врз стручната терминологија во економско-финансиската област. Овој вид лексика претрпува значителни промени во македонскиот јазик, па оттука заслужува големо внимание. Токму тоа претставува главен мотив за одбирање на оваа тесно специјализирана област за тема на докторската дисертација, односно предмет на истражување е стручната лексика од економско-финансиската област и најсоодветните методи за нејзино навлегување од од англискиот јазик и преведување кон македонски јазик. Притоа, особено треба да се има предвид дека новата економско-финансиска терминологија, којашто интензивно навлегува во употреба во тесно-специјализираните кругови, има клучна улога во одвивањето непречена комуникација меѓу економските стручњаци во државава, коишто секојдневно имаат пристап до информации за светските економски случувања, и секојдневно комуницираат со стручната, но и со нестручната јавност. Докторската дисертација е структурирана во неколку дела и тоа вовед, четири глави, заклучок и два прилози составени од петјазичен поимник и анкетно истражување. Цел на истражувањето е анализа на стручната лексика во преводите на научна и стручна литература од претходно-споменатата област, а по утврдување на проблематичните области на лексичко рамниште се преминува кон изнаоѓање соодветни модели за нејзино преведување, а со тоа и за соодветно навлегување во македонскиот јазик. Квалитативната анализа во трудот се заснова на исцрпна теоретска рамка и практична анализа на корпус од оригинални и преведени текстови, при што е надополнета со квантитативна анализа во вид на статистички приказ на добиените резултати од истражувањето врз чија основа се изведуваат и релевантни заклучоци.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Лексиката во преводите на научна и стручна л.pdf
Size
10.56 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e633b708a5e343b6387cc023ab235c06
