Усогласување на терминологијата на Европската Унија преку Евровок
Date Issued
2018
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Дигиталните технологии имаат огромно влијание врз процесот на преведување, особено преку тоа што се менуваат конвенционалните начини и алатки за преведување и доаѓа до сè поголема примена на електронски, односно онлајн алатки. Тоа е особено видливо при истражување терминологија и тоа преку напуштање на класичните речници во печатена форма и зголемена примена на повеќејазични терминолошки бази на податоци кои се наоѓаат на интернет. Од друга страна, специјализираната комуникација во определена стручна област се одликува со голема динамичност што се одразува преку постојаното воведување нови термини за означување на современи концепти, наспроти излегувањето од употреба и застарување на други термини. Тоа е особено случај со Европската Унија, којашто претставува повеќејазична, но и мултикултурна средина. Оттука, преведувачите во ЕУ се соочуваат со предизвикот на стандардизација и примена на усогласени ресурси за терминологија. Предмет на истражување во овој труд е еден од начините за усогласување на терминологијата од областа на Европската Унија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Усогласување на терминологијата на ЕУ преку Евровок.pdf
Size
2.04 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2355278327ecbd706103a3612f7408a1
