Предизвици со постигнување преводна еквиваленција при преведување носоздадена правна терминологија
Date Issued
2019
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Терминологијата претставува збир на поими и термини со специјализирана употреба во определена област и се издвојува како посебна интердисциплинарна гранка. Употребата на специјализиран вокабулар е неопходна за ефикасна комуникација во определена стручна област. Терминолошката работа опфаќа собирање, дефинирање и компјутерско документирање специјализиран вокабулар (анг. computerized terminology extraction and management), при што од клучно значење при креирањето нова терминологија или при преведувањето терминологија од друг јазик е процесот на стандардизација од страна на терминологисти, но и стручњаци во областа. Терминологијата се разликува од семантиката бидејќи втората го истражува значењето на зборовите, коешто не постои независно од зборот (Felber во Temmerman, 2000: 5). Поточно, семантиката се занимава со односот меѓу називот и значењето, а терминологијата со односот меѓу предметите што постојат и поимите што ги претставуваат (Cabre, 1999: 5-6). Токму оттука произлегуваат и предизвиците и тешкотиите при преведување стручна терминологија од еден на друг јазик, а со којашто се означуваат поими што не постојат истовремено во двата јазика. Ова е особено случај со различни општествено-политички системи и традиции меѓу коишто постојат значителни разлики коишто не се само од терминолошки аспект, туку пред сé од аспект на поимите што ги означуваат. Овој труд се занимава со истражување термини од правната област со коишто, пред сé, се означуваат поими што не се карактеристични за македонскиот правен систем и организација и претставуваат голема тешкотија за преведувачите.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Предизвици при преведување новосоздадена правна терминологија.pdf
Size
4.62 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):491dbf4fce150fa032fb0132c4d0e073
