Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7524
Title: Ефектот од терапијата со кучиња врз децата со попреченост
Authors: Арифи, Ваљмира
Keywords: терапија со кучиња, попреченост, моторика, говор, социјализација
Issue Date: 2020
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Арифи, В. (2020). Ефектот од терапијата со кучиња врз децата со попреченост. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Терапијата со кучиња претставува примена на специјално тренирани и обучени кучиња за постигнување општа добросостојба или лекување кај различни категории на луѓе. Како и другите животни користени во тераписки цели, кучињата прифаќаат, нудат утеха, не осудуваат и се одлични придружници за време на третманот и терапијата. Овој истражувачки проект е квалитативна студија која за цел го имаше истражувањето на ефектот од терапијата со примена на куче врз учениците со попреченост. Реализирањето на истражувањето се случи во рок од три месеца. Истражувањето се реализираше кај деца со посебни потреби, конкретно кај децата со проблеми во говорот, моториката и социјализацијата на возраст помеѓу 7 и 8 години од страна на дефектолог и искусен обучувач во Пет центарот „АвАв Хепи Дог“ во Скопје. Примерокот се состоеше од контролна и експериментална група, секоја составена од по два ученика со пречки во развојот. Експерименталната група беше подложена на терапија со примена на куче, додека пак контролната со класичен дефектолошки третман. Пред почетокот на третманот беше направено контролно проценување на моторните, говорно-јазичните способности и начинот на однесување при секојдневните активности на децата, истите проценки се спроведоа и на половина од третманот (после 1.5 месец) и на крај на третманот. За секоја тераписка група беа дефинирани цели на третманот, во зависност од резултатите на проценките на децата, групите беа изедначени според способностите на испитаниците. За време на третманот во експерименталната група беа користени три кучиња. Целиот студиски процес беше следен користејќи аудио и видеозаписи и фотографии на децата. Во текот и на крајот на оваа студија, вклучувањето на куче додека се реализираа дефектолошки вежби со децата имаше позитивно влијание и даваше подобри резултати во третманот на децата со пречки во развојот. Односно, присуството на куче, интеракцијата и зборувањето со него на децата им даваше волја и желба да го користат говорот во секојдневните активности. Потоа, вклучувањето на куче во процесот на рехабилитација кај децата со проблеми во моториката не донесе промени во развојот на моториката, но кучето ги мотивираше децата да учествуваат во терапијата (вежбите). Преку примената на куче во активностите за социјална интеракција, констатиравме дека присуството на куче овозможува социјална поврзаност дете-куче-врсник, и дека интеракцијата на децата меѓусебе е во позитивен аспект.
Description: Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Оливера Рашиќ Цаневска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7524
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
vaarifi2020.pdf2.04 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

72
checked on Jul 25, 2024

Download(s)

158
checked on Jul 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.